Како настанале логоата на светски познатите бендови?
Секој познат светски бенд има свое лого по кое го препознаваме. Овие логоа често пати можеме да ги пронајдеме во форма на графити, тетоважи или цртежи.
Речиси секој обожавател на одреден бенд носел маица со нивното лого. Едно време беше модерно да се носи маица со лого од познати бендови, па така ги носеле и луѓето кои немале допирни точки со таа музика.
Како настанале овие познати логоа? Ова се неколку приказни за настанокот на логоата на најпознатите бендови од минатиот век.
The Rolling Stones
Еден од најпознатите логоа во светот, јазик и усни, е дизајниран од британскиот графички дизајнер Џон Пич во 1970 година. Иако постојат заблуди дека се работи за дело на Енди Ворхол.
Логото е наменето да го претставува нивниот бунт и неподнесување на авторитет, со очигледна сексуална конотација. Дизајнерот ја пронајде инспирацијата во хинду божицата Кали.
Led Zeppelin
Led Zeppelin се познати по своите 4 симболи, кои ги претставуваат четирите членови на бендот. Симболот на Џими Пејџ, кој изгледа како ZoSo, го дизајнирал самиот Пејџ, а неговото значење никогаш не го објаснил. Некои тврдат дека симболот за првпат се појавил во 1557 година и го претставувал Сатурн.
Симболот на Џон Пол Џонс претставува самоуверена и компетентна личност, симболот на Џон Бонам (три круга) претставува татко, мајка и дете, а симболот на Роберт Плант, пердув во круг, е според него, амблемот на писателот, поврзан со изгубената цивилизација Му.
Queen
Логото на групата Queen е дизајнирано од страна на Фреди Меркјури. Инспирацијата му била Кралскиот грб на Обединетото Кралство. На местото на грбот се наоѓа големо црвено Q, а на местото на еднорогот хороскопските знаци на членовите на групата: 2 лава (Дикон и Тејлор), рак (Брајан Меј) и две самовили како знак на девица (Меркјури).
Не е познато што значи фениксот на врвот.
AC / DC
Логото на овој бенд е поврзано со нивното име. AC/DC е кратенка за наизменична струја и директна струја. Високиот напон содржан во името се карактеризира со нивната музика и енергија, а оттука и молњата во средината.
Nirvana
Жолто „смајли“ со иксови наместо очи е дело на Курт Кобеин. Постојат повеќе теории за тоа што го инспирирало Кобејн. Некои веруваат дека се работи за изразот на лицето на обожавателите на концертите, а другите дека ова е знак на стриптиз клуб од Сиетл.
Ашера | Црнобело