Видео од првата проба на Тамара Тодевска за Евровизија 2019
Во понеделникот, Тамара Тодевска заедно со нејзиниот евровизиски тим, заминаа во Тел Авив, а денес ја имаа првата проба.
Првите проби на евровизиските учесници започнаа пред неколку дена за оние кои се во првата полуфинална вечер, а според фановите, Кипар, Словенија и Србија поминале најдобро.
Евровизискиот тим на Македонија е во Израел од вчера, каде се опушташе и подготвуваше за денешната прва проба.
Тамара со нејзиниот тим „Proud“ се покажа одлично на првата проба, коментарите на новинарите кои следат во живо беа позитивни и доби овации на крајот на изведбата.
Таа изгледаше прекрасно во долг, смарагден фустан, а на официјалната страна беа објавени фотки од зад сцената и на сцената, како и кратко видео од изведбата.
Имаме можност да ѕирнеме дел од првата проба на претставничката на Македонија, низ видео од 50 секунди:
Погледнете ги и првите проби на дел од останатите земји:
Кипар
Словенија
Србија
Грција
М. М. | Црнобело