Mистериозни психо-трилери од кои ви се смрзнува крвта во вените

Дали сте подготвени за мистериозна авантура низ животите на ликови во феноменални психолошки трилери? Овие три креативни приказни ќе ве задржат со книгата во раце додека не ги прочитате до последната страница, нешто што ми се случи мене откако сосема случајно ги одбрав од полицата во локалната библиотека. Секоја чест за талентот на авторите да напишат квалитетни и исклучително заплеткани приказни, проткаени со многу мистичност.

fenomenalni-misteriozni-psiho-trileri-koi-kje-gi-prochitate-vo-eden-zdiv-01.jpg

„Нешто во водата“ - Кетрин Стедман

Марк и Ерин се прекрасен пар, кој неизмерно се сака меѓусебно. Уживаат во љубовта и си припаѓаат комплетно.

Таа е режисер на документарци, тој е успешен банкар.

Заминуваат на меден месец на Бора Бора, и покрај тоа што предвидуваат дека ќе останат без финансии, откако Марк неочекувано ја губи работата. 

Ерин има силен страв од нуркање, но Марк некако успева да ја убеди „за негова љубов“ да се обиде барем еднаш да нурка. Заплетот во оваа приказна започнува во моментот кога здогледуваат нешто во водата и го земаат.

И полека почнуваат да се комплицираат нештата.

Овој роман започнува со сцена како Ерин копа гроб за својот сопруг Марк. Но, како дошло до тоа? Прочитајте ја книгата и уживајте!

fenomenalni-misteriozni-psiho-trileri-koi-kje-gi-prochitate-vo-eden-zdiv-02.jpg

„Мраз студено“ - Тес Геритсен

Бостонската истражителка Мора Ајлс води чуден живот и е во една нестабилна врска со свештено лице.

Во еден момент веќе ни самите не знаат каде води нивната врска, и покрај силната љубов која ја чувствуваат. Се поздравуваат и таа заминува на медицинска конференција во Вајоминг.

При една случајна средба со поранешен колега, Мора заедно со колегата и неговото друштво заминува на скијачки излет. Но, тие ќе тргнат по погрешен пат и ќе заглават во страшно снежно невреме.

Тука почнува најблаго речено хоророт низ кој ќе помине Мора, заедно со нејзините придружници.

Еден по еден ќе страдаат, безнадежноста ќе ги тишти, но и ќе се отворат многу мистериозни прашања за местото во кое привремено ќе се засолнат.

Зошто сите куќи се еднакви? Зошто во селото нема ниту еден човек, а храната по куќите им е оставена на масите како да се тука некаде? Зошто под снегот има мртви животни? Кој ги набљудува деноноќно?

Морничава приказна која леди крв во вените! Задолжително четиво за сите кои сакаат мистерија и не очекуваат среќен крај за секој лик, по секоја цена.

fenomenalni-misteriozni-psiho-trileri-koi-kje-gi-prochitate-vo-eden-zdiv-03.jpg

„Зад затворени врати“ - Б.А. Парис

Приказната започнува сосема наивно и прикажува навидум совршен и идиличен живот меѓу сопружниците Џек и Грејс Ејнџел.

Тој е ултра успешен адвокат, а таа домаќинка, која не прави ништо без знаење на својот сопруг.

Но, дали се работи за вистинска љубов или нешто друго се крие во позадина на таа нивна меѓусебна „зависност“?

Зошто Грејс нема телефон, зошто не излегува никаде без сопругот, зошто и покрај тоа што одлично готви, таа е секогаш слаба?

Додека читате ќе почувствувате дека оваа приказна ќе почне да ве тера да размислите за вашиот живот, ќе се запрашате како еден човек може да се заплетка толку лошо во својата судбина и секако, неизбежно ќе ви се отвори дилема колку парови живеат ваков таканаречен живот.

fenomenalni-misteriozni-psiho-trileri-koi-kje-gi-prochitate-vo-eden-zdiv-04.jpg

Кара | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg