4 љубовни дела кои ќе ви ги полнат очите со солзи на секоја прочитана страница
Нема поубаво чувство од чиста, недопрена љубов. Но, не секогаш е сѐ според планот. Па така, најтрагичните приказни раскажуваат најголеми љубови.
Во продолжение предлог љубовни приказни кои сигурно ќе допрат до вас на неочекуван начин, додека ги листате страниците...
„Оркански височини“ - Емили Бронте
Страсна, забранета љубовна приказна е она што ја класифицира оваа книга во безвременските класици. Роман кој наишол на многу критики, но и многу пофалби меѓу љубителите на англиската литература.
Супериорен роман за љубовта и перипетиите помеѓу Хитлиф и Кетрин Ерншо. Љубов која е доволно силна да сруши сè, па и фамилијарните односи.
„Бронзениот коњаник“ - Паулина Сајмонс (прв дел)
Приказна за сестринската љубов, но истовремено и ривалство кога еден маж ќе застане на средина. Сагата за двете сестри Татјана и Даша од Русија, кои го запознаваат Александар, млад офицер во Црвената Армија.
Без да ги земат предвид околностите, во различно време и на различен начин тие се заљубуваат во него. Која е среќната избраничка? Дали ќе победи љубовта или сепак сестринството и лојалноста?
„Срце, глава, стомак“ - Камило Кастело Бранко
Сатирично дело раскажано во прво лице каде што на читателот му се пренесуваат сите приказни за своите љубовни неуспеси и радости кои ги доживеал главниот лик Сливестре да Силва, кој ја раскажува својата сага во прво лице.
Во делот „Срце“, Силвестре е константно несреќно заљубен, барајќи ја по патот неговата совршена жена, за да прејде во вториот дел „Глава“, каде што се здобива со фама на клеветник кој сите работи ги гледа низ материјалната призма, за конечно во третиот дел од неговиот живот да се предаде на „Стомакот“ живеејќи селски живот во кој го наоѓа својот спокој покрај Томасија, неговата избраничка.
Можеби ова дело нема да измами солзи кај вас од тага, туку повеќе од хумор и сатира која е застапена во целото четиво.
„Љубов во време на колера“ - Габриел Гарсија Маркес
За полетноста на младешката љубов и за проблемите со кои се соочиле Флорентино Ариса и Фермина Даса чија љубов не била одобрена од страна на нејзиниот татко.
За страдањата предизвикани од непланираниот брак кој е сепак планиран за младата Фермина, но не со нејзиниот избраник. За вечната љубов и незаборав.
Приказна која ги победува сите стереотипи и ја оживува љубовта на највисоко ниво.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М. У. Т. | Црнобело