Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Три љубовни книги за романтични души

Нетрпеливост која прераснува во привлечност, лага која води до љубов, љубов и одмазда испреплетени во едно - три романтични теми кои ќе ве заинтересираат да ги прочитате.

tri-ljubovni-knigi-za-romantichni-dushi-01.jpg

Кога ќе посакате малку да одморите од психолошките книги, мистериозните трилери или „тепка“ литература - вистински избор се љубовните книги.

Уште и ако сте и романтична душа, тогаш еден од овие три предлози (или сите три) ќе бидат идеално четиво за вас.

Што да прочитате овој викенд?

„Ти треба само љубов“, Мари Форс

Камерон Марфи и Вил Абот имаат непријатна прва средба. Од саркастични коментари, до попреку испратени погледи - отстрана делува како да се мразат...

Камерон цел живот избегнува опасностите, ретко разговара со непознати и иако е непријатна ситуација, се прашува дали треба да влезе во камионетот на непознат маж.

А непознатиот е Вил Абот, еден од десетте браќа и сестри Абот што водат семен бизнис во Вермонт.

За разлика од таткото на семејството, кој решил да го унапреди бизнисот и за таа цел ја повикал веб-дизајнерката Камерон од Њујорк да им помогне, младите наследници воопшто не се подготвени за промени.

За нив, семејната стоковна куќа, единствената во градот, претставува потсетник на минатите времиња и симбол на живописниот планински рај.

Затоа првата средба на Камерон и Вил е непријатна.

Вил е подготвен да ѝ помогне на Камерон да го извлече својот „мини купер“ од калиштето, но без никакво колебање ќе ѝ покаже дека потоа таа и нејзините чизми од 500 долари треба да се вратат во Њујорк.

tri-ljubovni-knigi-za-romantichni-dushi-03.jpg

„Првата вечерна ѕвезда“, Сузан Е. Филипс

Пајпер Дав има желба да стане најдобриот детектив во Чикаго. Првата задача ѝ е да го следи бившиот бек на „Чикаго Старс“, Купер Грахам. Но, тој ја открива и не е среќен.

За да се извади од ситуацијата, како секој добар детектив, таа размислува брзо, па му вели дека го демне, зашто е опседната со него.

Пајпер наскоро почнува да работи за Грахам - тој ја ангажира да ги надгледува вработените во неговиот ексклузивен ноќен клуб.

Но кога неговиот живот ќе дојде во опасност, Пајпер е решена да го заштити, без разлика што тој не сака.

Проблемот е што истовремено се справува и со куп други тешки клиенти.

А најтежок од нив е Купер Грахам – легендарен спортски херој кој секогаш го добива тоа што го сака.

tri-ljubovni-knigi-za-romantichni-dushi-04.jpg

„Јужњакот со сини очи“, Лиса Клејпс

Харди Кејтс е милионер кој потекнува од лошата страна на градот. Тој стекнал многу непријатели во неговото тешко патешествие кон врвот на нафтената индустрија.

Низ неговиот ум постојано има една мисла - одмазда.

Хејвен Тревис е богата наследничка. Но, и покрај парите на нејзиното семејство, таа одбива да го следи патот што тие го трасираат за неа.

Кога Хејвен ќе се омажи за човек кој нејзиното семејство не го одобрува, нејзиниот живот тргнува во нов и опасен правец.

Две години подоцна, Хејвен се враќа дома, решена да си го чува срцето по цена на животот.

А Харди Кејтс, семеен непријател, дефинитивно е човек од кој треба да се држи што подалеку. Но судбината има друга замисла…

tri-ljubovni-knigi-za-romantichni-dushi-02_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 летни приказни за авантуристи и романтични души Ако сте романтичар и уживате во љубовните приказни, тогаш овие три романи се сов...
3 предлог книги за романтични души (нема да ви дадат сон додека не ги довршите) Ако сте романтичари во душа, кои веруваат во тоа дека вистинската љубов секогаш ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg