3 летни приказни за авантуристи и романтични души

Ако сте романтичар и уживате во љубовните приказни, тогаш овие три романи се совршеното летно четиво за вас. Лето и љубов - има ли подобра комбинација?

3-letni-prikazni-za-romantichni-dushi-01.jpg

Летото е совршено за лесни, слатки романи, кои се читаат и на плажа, и пред спиење, и со утринско кафе за викенд.

Па, затоа, оставете ги класиците, трилерите и психолошките книги на страна (барем на кратко) и „изладете го мозокот“ со интересни книги (чиј крај однапред ќе го знаете, но што ако?).

„Лето како во ‘Мама миа’“, Ени Робертсон

Лорел е девојка која никогаш во животот не ризикува.

Но, пред почетокот на летото, таа е спремна да тргне во авантура, инспирирана од музиката од омилената група АББА и филмот „Мама миа“.

Таа се качува на лет за Скопелос, и доаѓа на островот каде ужива во дружењето со ексцентричната сопственичка на вилата во која е сместена.

А островот нуди многу - волшебни зајдисонца, вкусно вино, море, плажи.

Како се доближува времето да се врати во Лондон, таа се наоѓа пред најголемата дилема во животот - да се врати на старите навики или да остане на островот...

3-letni-prikazni-za-avanturisti-i-romantichni-dushi-02.jpg

„Едно лето во Италија“, Ребека Серл

Кети е изгубена по смртта на мајка ѝ Керол. Таа не ѝ била само мајка, туку и најдобра пријателка.

Мајката и ќерката планирале да заминат на патување од соништата во Позитано, волшебното италијанско гратче во кое Керол го поминала најубавото лето во животот пред да го запознае татко ѝ на Кети.

Кети со години го чекала ова авантуристичко патување со мајка ѝ, па решава да тргне сама во нејзин спомен.

Штом ќе стапне на брегот на Амалфи, Кети почнува да го чувствува присуството на својата мајка.

А таму пред неа се појавува Керол - жива, здрава, исончана и триесетгодишна.

Кети не разбира што се случува, но таа е зачудена што иако е невозможно, таа ја има мајка си назад.

3-letni-prikazni-za-avanturisti-i-romantichni-dushi-04.jpg

„Само ова лето“, Аби Хименез

Џастин верува дека го следи љубовно проклетство - секоја девојка со која е во врска, истата секунда откако ќе раскинат, ја наоѓа својата сродна душа.

Тој своето мислење го споделува на „Редит“ и одеднаш неговата објава станува вирална.

Меѓу пораките што ќе ги добие Џастин, е и пораката од Ема која верува дека го има истиот проблем, па затоа тие смислуваат план - да бидат во врска и да раскинат, па така взаемно да се ослободат од проклетството и секој од нив ќе ја пронајде љубовта на својот живот.

Тие очекуваат ова да биде кратко пријателство, само за летото.

Но, кога се појавува токсичната мајка на Ема, а Џастин мора да почне да се грижи за своите малолетни брат и сестри, одеднаш двајцата се справуваат со многу повеќе од очекуваното, а тие почнуваат да развиваат вистински чувства еден за друг.

3-letni-prikazni-za-avanturisti-i-romantichni-dushi-03.jpg

 

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 одлични романи од македонски автори (за вистински љубители на книгите) Трогателни приказни со херои кои живеат на нашите простори. Приказни инспирирани...
3 романи од Софи Кинсела што се читаат и во автобус Романите на Софи Кинсела нема да ве остават рамнодушни. Нејзините приказни се ис...
3 предлог книги за романтични души (нема да ви дадат сон додека не ги довршите) Ако сте романтичари во душа, кои веруваат во тоа дека вистинската љубов секогаш ...
3 одлични романи за да го завршите месецот на книгата Приказни за жените кои биле повредени од најблиските, но и за оние кои што живее...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg