„Можеби треба да разговараш со некого“ и уште три книги кои ќе ја зголемат вашата самодоверба

Самодовербата е многу моќна алатка која секојдневно се гради, а треба момент за да се разниша и да се движиш на стаклени нозе низ толпата, мислејќи дека си помалку вреден од другите. Како да си помогнете ако сте во оваа ситуација? 

mozebi-treba-da-razgovaras-so-nekogo-i-uste-nekolku-knigi-koi-ke-vlijaat-na-vasata-samodoverba-01.jpg

Постојаната работа на себе и вреднувањето на сопственото ЈАС се учи непрекинато, па затоа во прилог неколку книги кои ќе ви помогнат полесно да влијаете на сопствениот развој:

Подарокот – Едит Егер

Како да се спасиме од сопствените окови на минатото, кои не ни дозволуваат да се придвижиме кон иднината.

Умот е алатка која треба да се контролира, а самодовербата се гради откако ќе се соочиш со најголемите проблеми кои ги имаш.

Едит Егер ги опишува како емоции на страв, лутина, тага, стрес, вина, срам... Оваа охрабрувачка книга ќе ви даде многу совети како да уживате со себе во животот и со емпатија ќе ве насочи кон правилните одлуки кои секојдневно треба да ги носите.

mozebi-treba-da-razgovaras-so-nekogo-i-uste-nekolku-knigi-koi-ke-vlijaat-na-vasata-samodoverba-02.jpg

Можеби треба да разговараш со некого – Лори Готлиб

Наслов кој не се осудува секој да го сподели со тебе, а на секој од нас понекогаш му е потребен. За патувањето низ човечката душа, за вистините и лагите кои си ги кажуваме самите на себе.

За промените со кои секојдневно треба да се соочиме, но индиректно не сакаме да се менуваме. За намалената самодоверба која често резултира со анксиозност и депресија.

Приказна за потребата од терапевт која на секој му е потребна кога ќе западне во ќор-сокак, исто како и самата Лори Готлиб која несебично ја споделува својата приказна.

mozebi-treba-da-razgovaras-so-nekogo-i-uste-nekolku-knigi-koi-ke-vlijaat-na-vasata-samodoverba-03.png

Ми велеа дека сум пречувствителна – Федерика Боско

Кога се чувствуваш помалку вредна и не ти е пријатно меѓу непознати. Кога избегнуваш метеж и бучава бидејќи ти создаваат ненадејни промени во расположението.

Федерика Боска е пречувствителен лик, кој со својот начин на функционирање и преголемата емпатија за луѓето, се губи самата. Практични совети како својата пречувствителност да ја претвориш во тајна моќ.

mozebi-treba-da-razgovaras-so-nekogo-i-uste-nekolku-knigi-koi-ke-vlijaat-na-vasata-samodoverba-04.png

Моќта на самодовербата - Брајан Трејси

Бесценети совети и конкретни насоки како да си ја зацврстите сопствената самодоверба. 

Како да преземете ризици без да се плашите дека нема да успеете? Како преку редовни вежби за развој, да постигнете успеси на секое поле?

Секој кој зрачи со самодоверба, постигнува неизбежни резултати и влијае позитивно на себе и на сите околу него.

mozebi-treba-da-razgovaras-so-nekogo-i-uste-nekolku-knigi-koi-ke-vlijaat-na-vasata-samodoverba-05.png

М. У. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
3 помалку познати книжевни класици што вреди да им дадете шанса Кога ќе се спомне Франц Кафка, сигурно веднаш помислувате на романот „Процес“, н...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 книги за сечиј вкус, кои нема да ви дадат мир додека не ги прочитате Роман кој зборува за срушените идеали на нашите иселеници кои заминуваат во стра...
Првата поетска книга од младата авторка и поетеса Викторија Стојовска - „Парчиња од себеси“ Деновиве од печат излезе „Парчиња од себеси“ - првата поетска книга од младата а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg