Младиот македонски автор Јован Илиески со нов роман – „Татко ми, Босфор“

„Конечно! Со неизмерна возбуда ви го најавувам мојот нов роман со наслов 'Татко ми, Босфор'. Долго го чекав моментов и сигурен сум дека ова е најдоброто од мене досега“, вели младиот автор Јован Илиески за неговиот нов роман.

mladiot-makedonski-avtor-jovan-ilieski-so-nov-roman-tatko-mi-bosfor-01.jpg

Младиот македонски автор Јован Илиески го најавува неговиот нов роман, насловен „Татко ми, Босфор“ кој уште не е во продажба, но наскоро ќе има промоција во Тетово и Скопје.

mladiot-makedonski-avtor-jovan-ilieski-so-nov-roman-tatko-mi-bosfor-02.jpg

„Конечно! Срцето ќе ми излезе од радост!

Со неизмерна возбуда ви го најавувам мојот нов роман со наслов 'Татко ми, Босфор'. Долго го чекав моментов и сигурен сум дека ова е најдоброто од мене досега. Пресреќен сум што мојот нов роман е во рацете на Антолог.

Се надевам дека го оправдав вашето чекање и новиот роман 'Татко ми, Босфор' ќе го прочитате со исто срце како што и јас го напишав.

Романот сè уште не е во продажба, а промоција на истиот ќе има и во Тетово, и во Скопје. Наскоро ќе објавам и детали околу продажбата, како и заслужената крштевка на ова мое најмало дете.

Ве сакам и едвај чекам да ве известам кога ќе може да го имате во свои раце!“, вели Јован

mladiot-makedonski-avtor-jovan-ilieski-so-nov-roman-tatko-mi-bosfor-03.jpg

Во продолжение, сижето на романот:

На самиот крај од XIX век и почетокот на XXI век, некаде помеѓу современиот свет и почетокот на падот на Османлиската држава, се случуваат две, навидум различни приказни.

Камила Џалал е посветена детективка која ќе го преврти Истанбул за да ја најде причината за смртта на нејзиниот сопруг.

Но, Камила Џалал е и девојка која по низа несреќни случаи во нејзиниот живот почнува да станува блиска со луѓето околу султанот во сарајот Јилдиз.

Додека се приближува крајот на династијата и соборувањето на султанот Абдулхамид од престолот, на другата страна од времето, Босфор трага да го најде чудовиштето зад серија убиства коишто ја згаснаа светлината на градот.

Што имаат заедничко девојките со исто име?

И двете живеат за едно нешто. Да ѝ најдат смисла на смртта.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 помалку познати книжевни класици што вреди да им дадете шанса Кога ќе се спомне Франц Кафка, сигурно веднаш помислувате на романот „Процес“, н...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
3 книги за сечиј вкус, кои нема да ви дадат мир додека не ги прочитате Роман кој зборува за срушените идеали на нашите иселеници кои заминуваат во стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg