Автобиографијата на Мира Фурлан и уште 2 нови книги на кои вреди да им го посветите вниманието

Кој може да ја заборави прекрасната Мира Фурлан која најмногу се прослави со улогата во ТВ хит-серијата LOST?

Avtobiografijata-na-Mira-Furlan-i-uste-2-novi-knigi-01.jpg

Најголемата филмска и театарска дива во рамките на поранешна Југославија интимно го разголува својот живот, сите успеси, страдања, подеми и падови во својата завршена автобиографија пред нејзината прерана смрт. Книгата е постхумно издадена со помошта на нејзиниот сопруг.

Оваа неверојатна автобиографија како и новите две изданија што ги одбравме дефинитивно го заслужуваат вашето читачко внимание:

Сакај ме повеќе од сè на светот – Мира Фурлан

„Веќе сум се сретнала со (можно) сексуално насилство претходно. Кога имав 16 години, среде бел ден одев по улица во Загреб. Две големи раце наеднаш ѕирнаа низ вратата, ме зграпчија со зачудувачка сила каква што досега не сум сретнала и ме вовлекоа во темна зграда.

Невидлива личност ме држеше цврсто во темниот премин. Двајцата момци разговараа за тоа што ќе прават следно, спомнувајќи празен стан на катот. Моќта на стисокот беше сосема ново искуство за мене. Јасно разбрав дека бегството не е можно…“

Avtobiografijata-na-Mira-Furlan-i-uste-2-novi-knigi (3).jpg

Колибри – Сандро Веронези

Марко Карера е јунакот во оваа семејна приказна, тој е „колибри“, човек со речиси натприродна способност да остане мирен во хаосот на светот кој постојано се менува.

Иако неговиот живот е преполн со емоционални предизвици, Марко продолжува со благороден стоицизам кој го побива интензитетот на живеењето.

Како прекрасно и привлечно патување низ времето раскажано во голем број наративни стилови, „Колибри“ е приказна за страдањето, среќата, загубата, љубовта и надежта – за човекот кој го отелотворува тивкиот хероизам што го дефинира секојдневниот живот на безброј обични луѓе.

Avtobiografijata-na-Mira-Furlan-i-uste-2-novi-knigi (1).jpg

Човекот кој шета книги – Карстен Хен

Многу често во хартијата се крие лекот. Понекогаш дури и за нешта за кои човек не ни знае дека му треба лек.

Книжарот Карл Колхоф секоја вечер тргнува по живописните улички на градот за да ги однесе нарачаните книги во домовите на своите најверни читачи.

Нивното пријателство е посебно – за него тие се како омилените литературни херои, а за нив тој е незаменлива врска со светот.

Но кога стариот сопственик на книжарницата умира, неговата наследничка го укинува таквиот „старомоден“ начин на работа и Книгошетачот ја губи најголемата радост во животот.

Единствено смелоста на едно деветгодишно девојче може да ги охрабри Карл и неговите клиенти одново да го откријат патот еден кон друг и кон моќта на зборот.

Avtobiografijata-na-Mira-Furlan-i-uste-2-novi-knigi (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg