„Коронтин“ и уште 2 книги кои не смеете да ги пропуштите ова лето
„Коронтин“ е вториот роман на македонскиот автор Саша Богдан која умешно продолжува со раскажувањето после првенчето „Здравица“.
Во нејзината нова книга ќе успее да се пронајде секој од нас – подемите и падовите за време на карантинот и глобалната пандемија, но и сета убавина и значењето на животот.
Кои други книги, покрај оваа, не смеете да ги пропуштите ова лето?
Коронтин – Саша Богдан
Четири најдобри пријателки, сите со прилично различни животи, одеднаш се соочени со кошмарот наречен КОВИД-19.
Денес сè е нормално, животот тече по својот секојдневен, ако не и малку монотон тек, а веќе утредента сè почнува да се менува: се појавува вирусот, растат бројките на заболени, луѓето се исплашени и затворени во своите домови.
Одеднаш сите почнуваме да ја сфаќаме непроценливата вредност на едноставните секојдневни нешта што до вчера сме ги земале здраво за готово.
Ефектот на Марко – Јуси Адлер-Олсен
#5 СЕКТОРОТ Q Функционер на висока позиција во финансиски нестабилна банка врши проневера со средства наменети за развој на африкански села. Во меѓувреме, 15-годишниот Марко сака да стане дански државјанин и оди на училиште како секој обичен тинејџер.
Но неговото минато не е како на секој обичен тинејџер. Тој целото свое детство го минал во ромска банда со која автократски владее неговиот вујко Зола и во која сите деца се принудени да питаат и да крадат.
Кога Марко ќе дознае дека вујко му планира да го осакати за му носи поголем приход, конечно се обидува да побегне. Но тогаш открива закопано тело што го води до мрачни тајни за кланот.
Свети ереси – Лиза Макинерни
Рајан Кјузак растеше побрзо од другите. Така е тоа кога си најстар од шесте деца, кога мајката е умрена, а татко ти е алкохоличар.
Никој не вели дека Рајан е глуп. Ниту зад неговиот грб. Проблемот е во луѓето што го опкружуваат. Водачот на бандата го користи неговиот татко како „чистач“.
Сосетката тврди дека само сака да помогне, но можеби сака нешто повеќе од тоа. Проститутката бара човек за кој никогаш не претпоставувала дека ќе ѝ недостасува сè додека една ноќ тој не исчезна без трага … На страната на Рајан е само неговата девојка Карин. Ако и неа ја испушти, останува сосема сам.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





