Три македонски книги кои секој читател треба да ги има во домашната библиотека
„Куќата без книги е како соба без прозорци.“ Доколку сакате вашиот дом да биде осветлен, преполн со мудрост и знаење, а особено доколку се нарекувате вистински читател и вљубеник во добрите книги, задолжително треба да имате многу парчиња од домашната литературна сцена.
Не би ве советувале да се задржите на скромната бројка три, но добро е да започнете со овие бесценети парчиња литературна уметност кои задолжително треба да ги имате во домашната библиотека:
Избрани драми – Горан Стефановски
Денес е одлично време повторно да се прочита Горан Стефановски. Овој драмски избор (Диво месо; Лет во место; Хај-фај; Дупло дно; Баханалии и Демонот од Дебар маало) и овој текст – Одблизу и отпосле, се обидува да му оддаде почит и да му даде љубов на авторот Горан Стефановски, но и да им предизвика интерес за неговите драми на новите генерации и читатели и актери и драмски автори и режисери, ученици и студенти, вљубеници во театарот.
Папокот на светот – Венко Андоновски
Романот се состои од вовед, наводно напишан од братот на извесен В. - на кој се надоврзуваат книгата „Папокот на светот“ (манускриптот на романот).
Првата книга напишана на псевдоархаичен јазик се одигрува во IX век и би можел да се означи како некој вид филозофски крими роман во ековски манир; додека во вториот дел, во „Дневникот“, една љубовна сторија во Југославија во втората половина на ХХ век ги пресликува случувањата од првиот дел.
Резервен живот – Лидија Димковска
„Резервен живот“ е приказна за две сијамски близначки родени со споени глави, Злата и Сребра, и за нивната потрага по смислата на животот обележан од физичката мана во семејната и општествената средина на осаменост, другост и (не)прифатеност.
Личната драма чие испишување се протега во периодот од 1984 до 2012 година од Скопје до Лондон и назад, е отсликана на фонот на времето ние кое протекува животот на нараторката Злата опфаќајќи ги и оние настани кои се дел не само од индивидуалната, туку и од колективната меморија и историја.
(О)Милена | Црнобело