Три (контроверзни) книги за префинети читатели

Три книги од три светски признати авторки, кои се преведени на голем број јазици, а важат за контроверзни четива, кои ќе им се допаднат и на најпребирливите читатели. За кои книги станува збор?

tri-kontroverzni-knigi-za-prefineti-chitateli-01.jpg

За топлите летни денови кои се пред вас ви препорачуваме три романи од женски авторки кои успеале со своите приказни да ги заинтригираат дури и оние со најлиберални погледи и пристап кон животот.

Станува збор за романи кои се преведени на голем број светски јазици, но тангираат важни теми за жените во општеството и животот којшто го живееме. За судирот меѓу општествените притисоци и потребите...

Кои три книги би можеле да ги прочитате ова лето, доколку сакате да читате контроверзни романи, кои обработуваат табу теми:

„Љубовникот“ - Маргерит Дирас

Ова е делумно биографска книга на познатата француска авторка, која била објавена во 1984-та година. Фактот што не можете да знаете кои делови од романот се биографски ќе ве следи од првата до последната страница.

А во него ќе имате можност да ја проследите приказната на 15-годишно девојче од Сајгон, кое потекнува од дисфункционално семејство, а кое сосема случајно ќе започне врска со богат Кинез.

Иако мајка ѝ не се согласува со оваа врска, свесна за нивната тешка финансиска состојба, ѝ дозволува на ќерката да продолжи да се гледа со него...

Контроверзната тематика е надополнета со постапката на монтажа, како еден вид на неконвенционално раскажување, што го прави романот интересен како и за просечните, така и за читателите кои во книжевните дела не бараат само приказни, туку и интересни техники на нарација.

tri-kontroverzni-knigi-za-prefineti-chitateli-02.jpg

„Мачкино око“ - Маргарит Атвуд

За романот „Мачкино око“ велат дека потсетува на филм. Едноставно ги вклучува сите сетила и ве тера да размислувате.

Приказна за минатото кое ве прогонува и кое не ви дава мир, додека се обидувате да ја изградите сопствената иднина и да одите напред.

Таа се врзува за Илејн Рисли, која се враќа во Торонто, градот каде што ја поминала младоста за да изврши ретроспектива на сопствената уметност.

Додека Илејн треба да се соочи со својот идентитет како ќерка, љубовница, уметник и жена, таа мора да се соочи и да се ослободи од сеќавањата од детството што ја прогонуваат и не ѝ даваат мир.

Книга за суровоста, за булингот и за оние тешки теми кои децата со години ги трпеле, како од своите соученици, така и од нивните родители, а се втемелени на различни предрасуди.

tri-kontroverzni-knigi-za-prefineti-chitateli-03.png

„Пијанистка“ – Елфриде Јелинек

Важи за мошне контроверзен роман од австриската авторка која ја раскажува приказната на Ерика Кохут, средовечна наставничка по пијано која започнува врска со нејзиниот 17-годишен ученик.

Книга која полека ја раскажува приказната за љубовта, желбата, контролата и потчинувањето, што воопшто нема да биде лесно за оние поконзервативните читатели.

Приказна што изтовремено ви станува одбивна, но и ве фасцинира, а која ги тангира прашањата поврзани со потчинувањето на општествените норми и сексуалноста.

tri-kontroverzni-knigi-za-prefineti-chitateli-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Најдобрите љубовни романи на сите времиња (според кои се снимени и филмови) Можете да прочитате некои од безвременските љубовни класици, или пак да им дадет...
3 кратки класични романи (што секој интелектуалец треба да ги прочита) Сакате да читате класици, но ве фаќа уплав од големите и обемни дела на познатит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg