„Само Бог простува“ и уште 2 неверојатни крими романи кои ќе ви го поматат умот
Доколку мислите дека не постојат македонски автори кои пишувата крими-романи, тогаш не сте започнале со читање на делата на Анде Јанков. Уште едно возбудливо дело од неговиот крими опус со интригантен наслов – „Само Бог простува“.
Покрај романот на Јанков, имаме уште 2 одлични предлози за вас доколку сте вљубени во крими жанрот испреплетен со одлични заплети, мистериозни ликови и неочекуван крај:
Само Бог простува – Анде Јанков
Декември, 2019 година. Полицискиот инспектор Виктор Николов по годишниот одмор се враќа на работа на Одделот за крвни деликти.
Едно понеделничко утро, во Скопје е пронајдена убиена жртва во подрумот под Градскиот трговски центар.
Одеднаш, Виктор со колегите од Одделот е соочен со свиреп сериски убиец, кој од страна на новинарската фела го добива прекарот Одмаздникот и кој зад себе не остава траги, освен мистериозната порака најдена на местата каде што напаѓа.
Теодорус: танцувајќи со риба слон – Ото Озолц
Крими роман за Теодор, германскиот Џејмс Бонд од 21 век, зачинет со музика од Стинг, Шаде, џез… Овој роман е одговорот на Латвија за британскиот Џејмс Бонд и американскиот Џејсон Борн, напишан од Ото Озолц.
Книга која ги предвидува настаните пред и по Асанж, но и најновите настани во Каталонија!
Кремљ на Путин ги одгатнува најдлабоките пропусти на Западот. Светската војна е на прагот. Јазот меѓу општата јавност и политичките и економските елити во Европа и во САД станува огромен, исто како и пред Првата светска војна.
Во Русија, поранешен агент на КГБ, сега олигарх милијардер со пристап до ресурсите на сите руски разузнавачките служби, прави заговор за да ги уништи темелите на слободниот свет.
Зла крв – Арне Дал
Шведски литературен критичар е убиен на ѕверски начин на аеродромот Њуарк во Њујорк. Пред смртта бил брутално измачуван.
Методата на тортура потсетува на тортурите применувани од Супер командосите за време на војната во Виетнам.
Тоа е само почеток на неверојатната низа настани што ќе го доведе Пол Јелм и неговите колеги од Единицата А до најмрачните делови на човечката душа.
Убиства, интриги, меѓународни политички заговори, романот Зла крв e вистински водич по мрачните игра на современиот свет.
(О)Милена | Црнобело