3 романи од омилените автори на Милош Биковиќ

Какви книги чита Биковиќ? Кои 3 книжевни дела му се омилени и според него, вреди да се прочитаат? Во продолжение ги издвојуваме трите романи што тој во една пригода нагласи дека му се омилени, а се преведени и на македонски јазик.

3-romani-od-omilenite-avtori-na-milosh-bikovikj-01.jpg

Познато е дека српскиот актер Милош Биковиќ освен што игра во голем број познати српски и руски ТВ филмови, своето влијание го користи и за да се поттикне развојот на културата и да ја поттикне свеста за важноста од читањето книги кај младите.

Тој често на својот Инстаграм профил знае да се пофали со новите книги што ги чита во моментот, а во една пригода за српските медиуми откри и кои му се омилени книжевни автори, на чиишто дела постојано сака да се навраќа и да ги препрочитува.

3-romani-od-omilenite-avtori-na-milosh-bikovikj-02.jpg

Во продолжение ги издвојуваме трите романи што Милош напомена дека постојано сака да ги препрочитува, а веруваме дека ќе ви се допаднат и вам:

„Волшебниот рид“ – Томас Ман

Ова е еден од најпознатите романи на генијалниот германски писател, кој бил објавен во 1924-та година.

Ман започнал да го пишува романот уште во 1912-та година, додека бил во посета на неговата сопруга која боледувала од респираторна болест и престојувала во санаториум во Давос.

Но, процесот на пишување бил прекинат од Првата светска војна, заради што романот ќе биде објавен пред публиката цели 12 години подоцна.

Во него е раскажана приказната за Ханс Касторп, кој како мал останал без родители, па за него се грижеле неговиот дедо и чичко.

Пред да ја прифати работата како бродоградител, Ханс оди во санаториумот во Давос на Швајцарските Алпи, за да го посети неговиот братучед кој боледува од туберкулоза.

Се смета дека ова е еден од најважните романи на Томас Ман, а во него санаториумот на еден начин станува микрокосмос кој ја претставува Европа, каде уште пред почетокот на избувнувањето на војната се насетувал хоророт кој ќе следи.

Роман кој задолжително треба да се прочита.

3-romani-od-omilenite-avtori-na-milosh-bikovikj-03.jpg

„Приказна за љубовта и темнината“ – Амос Оз

Уште еден роман кој ќе ве натера на размислување.

Амос Оз е израелски писател кој во овој роман на некој начин го опишува своето детство, како човек кој имал можност да го следи раѓањето на сопствената нација и да живее низ нејзината турбулентна историја.

Ова е приказна за момчето кое живеело во разорениот Ерусалим во периодот на 40-тите и 50-тите години во мал стан, исполнет со книги на 12 јазици и роднини кои зборуваат течно исто толку јазици.

Тоа момче, во адолесцентските години ќе се соочи со најголемата трагедија кога мајка му ќе изврши самоубиство, за на крај да го напушти семејството и заедницата во која живее, да го промени сопствениот идентитет и да го промени сопствениот живот.

Долг роман, кој вреди да се прочита, затоа што секоја страница ви носи некое ново знаење и некоја нова мудрост.

3-romani-od-omilenite-avtori-na-milosh-bikovikj-05.jpg

„Бризбејн“ – Евгениј Водолзакин

Овој роман во 2019-та година беше прогласен за „Книга на годината“ во Русија, а Водолзакин е еден од омилените руски писатели на денешницата.

Главен протагонист во романот е Глеб Јановски, познат виртуоз, музичар и гитарист, кој на врвот на својата слава е принуден да се откаже од кариерата заради Паркинсова болест.

Каде да се пронајде смислата, кога човек веќе го губи она што му е најважно? Ова е прашањето со кое тој се соочува, па свесен дека наскоро ќе ја загуби можноста да настапува, Глеб се обидува да се присети на сопствениот живот и да ги сочува спомените што наскоро може да исчезнат.

Романот не е ода за австралискиот град Бризбејн, туку, тој е симбол за бегството на другата страна од светот, за постигнувањето на сопствените соништа и цели, кои, ви се чини дека постојано ви се лизнуваат низ прсти и се неостварливи.

3-romani-od-omilenite-avtori-na-milosh-bikovikj-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 помалку познати книжевни класици што вреди да им дадете шанса Кога ќе се спомне Франц Кафка, сигурно веднаш помислувате на романот „Процес“, н...
3 книги за сечиј вкус, кои нема да ви дадат мир додека не ги прочитате Роман кој зборува за срушените идеали на нашите иселеници кои заминуваат во стра...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 предлог книги за романтични души (нема да ви дадат сон додека не ги довршите) Ако сте романтичари во душа, кои веруваат во тоа дека вистинската љубов секогаш ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg