3 нежни, љубовни приказни што ќе ги читате со „кнедла во грлото“

„Љубовта ги симнува сите маски кои сме ги ставиле од страв, мислејќи дека без нив не можеме да го живееме овој живот.“ Кога ќе решите да ги симнете сите маски од себе, конечно ќе започнете вистински да живеете – и да љубите.

3-nezni-ljubovni-pirkazni-01.jpg

Доколку сте во потрага по квалитетни љубовни романи од кои ќе ви надојдат солзи во очите и ќе ги читате со кнедла во грлото, го препорачуваме следното:

Очи од сребро, очи од злато – Елен О’Конел

Ен Велс е срам за своето ладно, културно семејство уште од нејзините детски денови, полни со будалштини и лапсуси кои не ѝ доликуваат на една млада дама. Корд Бенет, син од вториот брак на неговиот татко со индијанка, исто така е црна овца во своето семејство.

Кога ги затекнуваат Ен и Корд заедно сами, бесот на нејзиниот татко кулминира со насилство. А семејството на Корд веднаш е убедено дека вината е негова. Можат ли Ен и Корд да ја искористат неочекуваната слобода што произлегува од обвинението за гревови кои всушност не ги направиле за да изградат живот заедно?

3-nezni-ljubovni-pirkazni (3).jpg

Љубов низ солзи – Вера Лилчиќ

Животот на едно мало дете ќе згасне во сообраќајна несреќа поради невниманието на неговите родители, кои своите конфликти и расправии секогаш ќе ги ставаат пред својот син. 

Некаде во истиот град, една млада самохрана мајка ќе се бори да излезе накрај меѓу обврските што ги има работејќи како келнерка и желбата своето дете да го израсне во љубов и грижа.

Во исто време, една осумнаесетгодишна девојка, отфрлена од семејството и од околината, ќе го остави своето тукушто родено бебе на клупа во паркот и ќе си го одземе животот.

Сите овие трагични приказни ќе ги поврзе една голема љубов, нов зрак надеж во суровата игра на судбината.

3-nezni-ljubovni-pirkazni (1).jpg

Златниот час – Јона Греј

Селина Ленокс е млада жена која ужива во забавите и сè она што го прават младите луѓе обидувајќи се да остане настрана од скандали и озборувања. Лоренс Вестон е сиромашен сликар кој сосема случајно ќе влезе во животот на Селина.

Помеѓу нив се развива љубов и покрај сите правила кои не ја дозволуваат. Но, сепак љубовта е посилна сè, до оној момент кога се случува трагедија…

3-nezni-ljubovni-pirkazni (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg