Задолжителни лектири: 7 класици кои се читаат во еден здив
За значењето на книгите и придобивките од читањето се зборувало многу, па тоа на сите ни е добро познато.
Во време кога технологијата и дигиталните уреди се на прво место, книгите некако се подзабораваат.
Но, ништо не може да се спореди со чувството кога држиме книга во рацете и потонуваме во друг свет, па добро би било да одвојувате време за оваа здрава навика.
Овие 7 безвременски класици треба да се најдат на сечија листа, а се читаат во еден здив:
„Магбет“ - Вилијам Шекспир
„Магбет“ е најкратката драма на Шекспир. На шкотскиот генерал Магбет му е претскажано од три вештерки дека еден ден ќе стане крал на Шкотска.
Но, откако го убива кралот Данкан и го презема тронот, станува параноичен и работите почнуваат да се компликуваат...
„Малиот принц“ - Антоан де Сент Егзипери
За време на Втората светска војна, еден авион паднал во пустина, заедно со пилотот. Таму тој се запознава со принц кој не е од оваа планета.
Додека планираат како да си отидат од пустината, принцот раскажува за својата желба да се врати дома и љубовта кон еден цвет.
Книга која секој треба да ја прочита барем еднаш во животот.
„Животинска фарма“ - Џорџ Орвел
„Животинска фарма претставува алегорија на Руската револуција и е роман кој е вреден за вашето внимание.
Животните на една фарма одлучуваат да ги избркаат своите сопственици и самите да владеат со фармата, но полека нивното единство се распаѓа и доаѓа до раздор.
„Појадок кај Тифани“ - Труман Капоти
Главната хероина Холи обожава да ги шокира луѓето со своите ставови и својот уникатен начин на живот, и тоа го прави мошне промислено.
За неполна година, таа му открива многу детали на нејзиниот сосед Пол, а тој станува фасциниран од нејзиниот животен стил.
Со оваа книга, Труман Капоте докажа дека е вистински мајстор на книжевноста.
„Старецот и морето“ - Ернест Хемингвеј
За овој роман, Хемингвеј доби Пулицерова и Нобелова награда.
Станува збор за приказна за еден рибар кој со својот чамец тргнува во лов.
Но, оди многу подалеку отколку што мислел и тука почнува неговата борба со морето.
„Странецот“ - Албер Ками
„Странецот“ е една од најзначајните романи на светската книжевност.
Главна тема е апсурдот на човечката егзистенција и бесмислената низа случајности од кои не можеме да побегнеме.
Главниот лик е опкружен со луѓе кои не го разбираат, па постојано го следи несреќа.
„Чудниот случај на доктор Џекил и господин Хајд“ - Роберт Луис Стивенсон
Научникот Хенри Џекил одлучува да направи напивка со која ќе го сокрие злото што е во него, но тоа не му успева.
Неговото алтер-его, Едвард Хајд, уште повеќе доаѓа до израз и почнува да владее со него.
М. В. | Црнобело