Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


4 модерни класици кои мора да ги прочитате (и да се засрамите ако сте ги пропуштиле)

Списокот на светски (модерни) класици е огромен, а нуди квалитетни книги кои секој од нас треба да ги прочита барем еднаш во животот.

4-moderni-klasici-koi-mora-da-gi-prochitate-i-da-se-zasramite-ako-ste-gi-propushtile-01.jpg

Некои од класичните книги ќе ви се допаднат и засекогаш ќе останат врежани во вашата меморија, а други, пак, нема да имаат толку силно влијание врз вас.

Но, би било штета доколку не ги прочитате, бидејќи станува збор за вистински бисери на литературата.

Во продолжение 4 класици кои мора да ги прочитате (и да се засрамите ако досега не сте го направиле тоа).

Колку од овие книги имате прочитано?

За кого бијат камбаните - Ернест Хемингвеј

Високо во шпанските планини, скриени во боровите шуми, група герилци се подготвуваат да разнесат мост со важно стратешко значење.

Младиот американски доброволец, Роберт Џордан, е испратен да ја изврши оваа задача.

Но, во само неколку дена, кои се бескрајно долги, тој ќе искуси цел еден (нов) живот.

Џордан ќе открие дека дури и една мала мисија, извршена од неколкумина герилци, ја креира судбината и иднината на човештво.

Романот на Хемингвеј, кој е објавен во 1940 година, веднаш по завршувањето на Шпанската граѓанска војна, се смета за неговото најважно дело во модерната литература, а е најверојатно и најпознатиот воен роман на 20-тиот век.

4-moderni-klasici-koi-mora-da-gi-prochitate-i-da-se-zasramite-ako-ste-gi-propushtile-04.jpg

Галебот Џонатан Ливингстон - Ричард Бах

Ова е приказна за луѓето кои секогаш ги следат своите срца и создаваат сопствени правила, но истовремено се и луѓе кои сакаат да направат нешто добро за другите, а не само за себе…

Галебот Џонатан Ливингстон не е обична птица.

Тој верува дека секој галеб има право да лета, да ја достигне крајната слобода и да најде најголема награда во подучувањето на младите галеби за тоа колкава е радоста на летањето и моќта на соништата.

А со овие споредби, Бах мајсторски го опишува светот во кој живееме и луѓето кои секогаш се стремат да постигнат нешто повеќе и подобро.

4-moderni-klasici-koi-mora-da-gi-prochitate-i-da-se-zasramite-ako-ste-gi-propushtile-05.jpg

Големиот Гетсби - Френсис Скот Фицџералд

Романот на Фицџералд, го опшува животот во Лонг Ајленд, Њујорк за време на летото, 1922 година, односно во времето на прохибицијата.

Џеј Гетсби е богаташ кој ужива во раскошните забави кои ги организира на својот имот. Веднаш до него, во скромна куќа, живее Ник Каравеј, млад човек со потекло од Средниот запад.

Кога Ник ќе добие покана да присуствува на една од познатите забави на својот сосед, неговиот живот почнува да се менува.

Луѓето, пак, кои присуствуваат на забавите на Гетсби шират неверојатни приказни за богаташот, па дури и весниците почнуваат да се интересираат за неговото минато.

4-moderni-klasici-koi-mora-da-gi-prochitate-i-da-se-zasramite-ako-ste-gi-propushtile-03.jpg

Гордост и предрасуда - Џејн Остин

Приказната го следи животот на Елизабет Бенет, која се соочува со прашањето на манирите, воспитанието, моралот, етиката, образованието и бракот во англиското општество на крајот на 19-тиот век.

Романот на Џејн Остин ја раскажува приказната за семејството Бенет, кои имаат пет немажени ќерки: Џејн, Елизабет, Мери, Кити и Лидија. Г-ѓа Бенет е опседната со тоа да ги омажи ќерките за богат човек, зашто по смртта на г. Бенет нивната куќа ќе му припадне на г. Колинс, нивен далечен роднина.

Кога на соседниот имот се доселуваат богатиот г. Бингли и неговата сестра, пријателот Фицвилијам Дарси, другата мажена сестра, г-ѓа Хрст и нејзиниот сопруг, Бингли останува маѓепсан од Џејн и сериозно се вљубува во неа.

Дарси, пак, одбива да танцува со Елизабет зашто мисли дека не е доволно убава - но таа случајно го слуша ова...

Но, Дарси се заљубива во Елизабет и ја запросува.

4-moderni-klasici-koi-mora-da-gi-prochitate-i-da-se-zasramite-ako-ste-gi-propushtile-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 забавни книги, на попуст, кои може да ги прочитате ова лето Под мотото „Земи здив и нурни во добра книга“, издавачката куќа Арс Ламина нуди ...
3 класични дела кои не смеете, а да не ги прочитате Кога на училиште ќе требаше да се обработува лектира која е на листата „светски ...
3 мистериозни романи кои ќе ги прочитате во еден здив Три романи за сечиј вкус, а во центарот на вниманието на трите мистериозни прика...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
3 помалку познати книжевни класици што вреди да им дадете шанса Кога ќе се спомне Франц Кафка, сигурно веднаш помислувате на романот „Процес“, н...
3 книги за млади што можете да ги прочитате за време на пролетниот распуст Три романи наменети за младите читатели. Идеални за да одморите од лектирите и к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg