3 класични дела кои не смеете, а да не ги прочитате

Кога на училиште требаше да се обработува лектира која е на листата „светски класици“ повеќето од нас не сакаа да ја прочитаат. Но, за некои книги, едноставно, мора да одвоите време, бидејќи се безвременски.

3-klasichni-dela-koi-ne-smeete-a-da-ne-gi-prochitate-01.jpg

Сакате да читате романи, трилери, љубовни приказни, или, пак, поезија, затоа што ве опуштаат и ви го стимулираат мозокот, па на крај на памет не ви паѓа да земете „тешка литература“, како што се светските класици.

Сепак, постојат книги кои не смеете да ги „прескокнете“. Посветете им се и ќе уживате во едно од најубавите класични четива, а тоа да не се „Ана Каренина“ или „Тивкиот Дон“.

Овие три класични дела топло ви ги препорачуваме:

„Идиот“, Фјодор М. Достоевски

Враќајќи се во Санкт Петербург од швајцарски санаториум, нежниот и наивен епилептичен кнез Мишкин, познат како „идиот“, оди во посета на својот далечен роднина генерал Епанчин и продолжува да го шармира генералот и неговото семејство.

Но, животот му се исполнува со превирања кога случајно ќе види фотографија од убавата Настасја Филиповна. Целосно обземен од неа, тој наскоро запаѓа во љубовен триаголник и е вовлечен во мрежа од уцени, предавство и, на крајот, убиство.

Во ликот на кнезот Мишкин, Достоевски ја прикажува чистотата на „навистина убава душа“ и ги истражува опасностите со кои се соочува невиноста и добрината во еден расипан свет.

3-klasichni-dela-koi-ne-smeete-a-da-ne-gi-prochitate-03_copy.jpg

„Човековата судбина“, Михаил Шолохов

„Човековата судбина“ спаѓа меѓу најуспешните книжевни остварувања на Шолохов и, според критиката, заслужува посебно место дури и во најстрогите антологии на светскиот расказ, но и другите раскази на овој великан на руската и светската литература содржат елементи на величина и уметничка трајност, без оглед на тоа што во нив можат да се воочат и низа раскажувачки неотпорности, главно како резултат на возраста на авторот додека ги создавал.

Затоа, без разлика на изјавата на Шолохов дека „од повеќето раскази тој би се дистанцирал, кога би било можно“ и дека „во нив има многу наивно и детски беспомошно“, тие остануваат вистинско сведоштво за едно драматично и бурно време и за исклучителните креативни можности на еден од најголемите мајстори на книжевната уметност.

3-klasichni-dela-koi-ne-smeete-a-da-ne-gi-prochitate-02.jpg

„Басни“, Лафонтен

Жан де Лафонтен е еден од најголемите француски класици. Неговите басни се раскажани со исклучително елегантен стил, а преку приказните за бројните згоди и незгоди во животинскиот свет, тој всушност суптилно продира под површината на француското општество и ги истражува анималните аспекти на самиот човек.

Целото животинско царство, преземајќи ги карактерите и гласот на луѓето, учествува во раскошната, многуслојна и чудесна човечка комедија на Лафонтен, составена од мали, но генијално обработени слики, сцени и епизоди.

Неговите текстови нè учат дека овој свет, често пати суров и лажен, мачен и неправеден, може да биде и убав.

3-klasichni-dela-koi-ne-smeete-a-da-ne-gi-prochitate-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
3 помалку познати книжевни класици што вреди да им дадете шанса Кога ќе се спомне Франц Кафка, сигурно веднаш помислувате на романот „Процес“, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg