Најпродавани книги во Македонија во 2015-та година
Што најмногу читаа и купуваа Македонците изминатата 2015 година можете да видете од топ 20 листата на најпродавани книги што ја објави онлајн книжарницата КупиКнига.мк.
На првото место се најде книгата „Ако не постои утре“ од авторот Гијом Мисо. Воедно, Гијом Мисо е најпродаваниот автор за 2015, со вкупно 4 негови дела во топ 20 листата.
На второто место се искачи Зозе Мургоски со својот Англиско-македонски и Македонско-англиски речник со граматика, а третото место припадна на книгата „ Спаси ме “ од Гијом Мисо.
Од македонските автори само Зозе Мургоски се најде на оваа листа на 20-те најпродавани книги.
„Трендот на купување книги од жанрот на белетристиката последователно 3-та година е најактуелен. Трилерите, љубовните и еротските книги се оние што будат најголем интерес кај читателите“ изјави Елена Јолевска, Продукт менаџер на КупиКнига.мк
Во прилог е целосната листа на топ 20 најпродавани книги во 2015 година:
1. Ако не постои утре – Гијом Мисо
2. Англиско-македонски и Македонско-англиски речник со граматика – Зозе Мургоски
3. Спаси ме - Гијом Мисо
4. Една неодолива љубов - Џули Џејмс
5. И одеднаш едно лето - Џули Џејмс
6. Кога мене ќе ме нема - Колин Оукли
7. Тајната на сопругот - Лиен Мориарти
8. Греј - Е. Л. Џејмс
9. Казна за гревот; Ноќта кога дојдоа сватовите. Кн. 1 - Јелена Бачиќ Алимпиќ
10. Во врска со онаа ноќ - Џули Џејмс
11. Затоа што те љубам - Гијом Мисо
12. 1984 - Џорџ Орвел
13. Големи мали лаги - Лиен Мориарти
14. Последната пролет во Париз - Јелена Бачиќ Алимпиќ
15. Седум години подоцна - Гијом Мисо
16. Светот не е фабрика за исполнување желби - Џон Грин
17. Светското зло и беда наследството на 13 династии на илуминатите - Робин де Рајтер
18. Ејми ја нема - Џилијан Флин
19. На една свадба - Џули Џејмс
20. Kazna za greh - Noć kada su došli svatovi - Jelena Bačić-Alimpić