Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Inklings“ – дружината на имагинацијата

„Inklings“ биле неформална литературна група создадена од книжевни ентузијасти, од раните 1930-ти до 1950-та година, кои го вреднувале раскажувањето и пишувањето на фантастични раскази и романи.

Inklings-druzinata-na-imaginacijata

Друштвото се состоело од исклучиво мажи, на жените не им било дозволено да бидат дел од групата, тие воглавно биле христијани, но често зборувале за филозофија и магија. Тие биле заинтересирани за она што го нарекувале „занес за непознатото“, односно искуства кои го надминуваат материјалниот свет.

Тие верувале дека фантазијата, митологијата и поезијата можат да ни помогнат да доживееме поинакви светови и димензии. Тие биле „романтичари на 20-от век кои се залагале за имагинација“. 

Оваа група ја чинеле пријатели од кои повеќето биле наставници на Универзитетот во Оксфорд. Многу од нив биле креативни писатели и љубители на имагинативната, односно фантастичната литература, најпознатите членови биле К. С.Луис, Џ.Р.Р. Толкин, Чарлс Вилијамс и Овен Барфилд.

Тие се собирале секој вторник (подоцна во понеделник) наутро во различни пабови во Оксфорд, најчесто во „The eagle and the child”.

Луис и Толкин ги поканувале истомислениците да им се придружат во неформалните, друштвени средби во Оксфорд. Постепено овие средби станале регулирани. Покрај веќе спомнатите членови групата ја чинеле и Ворен Хамилтон Луис, Виктор „Хуго“ Дајсон, Адам Фокс, Лорд Дејвид Сесил, Овен Барфилд, Гервасиј Матеј...

Ворен Луис истакнал дека „Inklings“ биле неформален круг на пријатели, a не организиран клуб или литературно друштво.

Златните години на оваа група биле од 1930-та до средината на 1940-та година, кога групата ги читала делата на Џ.Р.Р. Толкин, односно делови од Господарот на прстените на глас, како и Луисовите „Out of the silent planet” и „Perelandra“.

Толкин овие собири ги нарекувал „празници на разумот и протокот на душата“.

Квалитетите на ова друштво не биле првенствено нивните размислувања, туку чувството за литературата која ги обединила, на необичен начин, науката и имагинацијата.

На крајот, како и во Толкиновата книга „Господарот на прстените", групата се распаднала поради ситни кавги. Но, овој неуспех не треба да се гледа како тотален неуспех. „Inklings“ создадоа голем број на дела. Нивната имагинативна визија била и останува, нешто од голема убавина и вредност.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски автори и светски класици - Книги по препорака од нашите инфлуенсери Кои им се омилени книги на нашите инфлуенсери? Едни избираат дела од домашни авт...
3 книги од Иво Андриќ што вреди да ги прочитате „Деца“, „Госпоѓицата“, „Травничка хроника“... Кои книжевни дела на Иво Андриќ вр...
Три книги за сечиј вкус, одлични за празничните денови Книга за необично пријателство, морничав трилер и силен роман за љубовта и прежи...
3 одлични романи за да го завршите месецот на книгата Приказни за жените кои биле повредени од најблиските, но и за оние кои што живее...
3 романи од омилените автори на Милош Биковиќ Какви книги чита Биковиќ? Кои 3 книжевни дела му се омилени и според него, вреди...
3 забавни книги, на попуст, кои може да ги прочитате ова лето Под мотото „Земи здив и нурни во добра книга“, издавачката куќа Арс Ламина нуди ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg