3 книги од Иво Андриќ што вреди да ги прочитате

„Деца“, „Госпоѓицата“, „Травничка хроника“... Кои книжевни дела на Иво Андриќ вреди да ги прочитате, а да не се лектирите што ни беа задолжителни во средно?

3-knigi-od-ivo-andrikj-shto-vredi-da-gi-prochitate-01.jpg

Кога ќе се спомене името на Иво Андриќ, сите веднаш помислуваат на романите „Проклета Авлија“ и „Мостот на Дрина“ кои беа задолжителни лектири во средното образование, но факт е дека неговиот книжевен опус е богат, а тој е еден од најважните писатели на 20-иот век чиишто дела вреди да се прочитаат.

Пишувал романи, раскази, есеи и поезија, а во нив може да се наѕре длабокото разбирање за човековата природа и историските околности што ги обликуваат нашите судбини.

Во 1961-ва година ја освои Нобеловата награда за романот „Мостот на Дрина“.

Тој е еден од авторите на кои навистина вреди да му се повети внимание и да се одвои време за да се прочитаат неговите книжевни дела.

Во продолжение издвојуваме три книжевни дела на Андриќ што вреди да ги прочитате:

„Деца“

Идеална книга за сите оние што сакаат да читаат кратки прозни дела и раскази.

Расказот „Деца“ е осмислен како ретроспекциски поглед, во облик на сеќавање на главниот лик, на еден настан од детството. Во него се анализираат тешкотиите со кои се соочува детето што сака да се избори за своето место во групата, па дури тоа и да биде на погрешен начин.

Во расказите се преплетуваат сонот и јавето, фантазијата и стварноста, играта и детското соочување со реалноста и суровоста на светот во којшто живееме.

Иако оваа книга најчесто се смета дека е наменета за деца, факт е дека и возрасните би можеле да научат многу од тој детски свет што е опишан внатре.

3-knigi-od-ivo-andrikj-shto-vredi-da-gi-prochitate-02.jpg

„Госпоѓицата“

Роман кој е напишан за време на Втората светска војна во периодот од 1943 до 1944 година, а е објавен заедно со романите „Мостот на Дрина“ и „Травничка хроника“.

Централен лик на романот е госпоѓицата Рајка Радаковиќ и нејзината најголема страст – скржавоста, која е воведена во романот преку веста за нејзината смрт.

Дејствието во романот се случува во Сараево, пред и за време на Првата светска војна и во Белград во годините по војната.

Така дејствието нѐ води од миговите на детството на Радојка, на која татко ѝ на смртна постела ѝ оставил аманет да го чува тоа малку богатство што можел да ѝ го предаде.

Така таа целиот живот го посветува на тоа да ги чува парите, откажувајќи се од миговите на радост во животот.

3-knigi-od-ivo-andrikj-shto-vredi-da-gi-prochitate-03.jpg

„Травничка хроника“

Уште еден роман од т.н. „Босанска трилогија“ на Андриќ која не смеете да ја одминете.

Станува збор за седумгодишен летопис кој го опфаќа периодот од 1807 до 1814 година, во времето на подемот и падот на Наполеон.

Роман кој совршено ги отсликува односите на отоманските великодостојници со француските и австриските конзули, како и со месното население на Травник и спротивставеностите кои што постоеле.

Уште еден роман што зборува за историјата на Босна, преку спомените на писателот од детството, кои му останале врежани во меморијата и сеќавањето.

3-knigi-od-ivo-andrikj-shto-vredi-da-gi-prochitate-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 помалку познати книжевни класици што вреди да им дадете шанса Кога ќе се спомне Франц Кафка, сигурно веднаш помислувате на романот „Процес“, н...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 книги за сечиј вкус, кои нема да ви дадат мир додека не ги прочитате Роман кој зборува за срушените идеали на нашите иселеници кои заминуваат во стра...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg