5 книги чиј крај е сè уште нерешена мистерија во светот

Според нив снимени се најгледаните филмови, но како и во филмовите, книгите не откриваат ништо повеќе од нивниот мистериозен крај кој останал непознат до денес во светот.

5-knigi-cij-kraj-e-se-uste-neresena-misterija-vo-svetot-1

Ден Браун, Пауло Коелјо и уште два автори на овој жанр романи со мистериозни краеви и поучни приказни се вредни за пофалба, бидејќи ретко кој писател може да осмисли приказна која ќе крие поучна порака, а воедно и ќе остане мистериозна за да ви го привлече вниманието уште повеќе.

Ова се тие 5 книги кои вреди да ги прочитате бидејќи секоја од нив ќе ве одведe на различно патување до мистериозна дестинација.

„Кодот на Да Винчи” – Ден Браун

Мистеријата околу животот на Исус Христос, скриена во приказната за кодот на Да Винчи сè уште останува неразрешена со информацијата дека Исус имал жена по име Марија и деца кои имаат свои живи наследници кои сè уште шетаат низ светот денес.

Дали тоа е вистина или сепак само измислена приказна на Браун останува реторичко прашање без одговор.


„Девојката со тетоважа на змеј” – Стиг Ларсон

Патиштата на познатиот новинар и мистериозна девојка со тетоважа на змеј се вкрстуваат во моментот кога двајцата ќе се соочат со мистеријата од минатото и аномалиите на современиот општествен поредок, што доведува до изразување на најлошите човечки особини.

Завршетокот останува мистерија, како добра приказна без крај...

5-knigi-cij-kraj-e-se-uste-neresena-misterija-vo-svetot-2

 „Вероника реши да умре” – Пауло Коелјо

Приказната за младата девојка која има сè и сепак не го цени својот живот, одлучувајќи да си го одземе истиот со апчиња, нè остава да се запрашуваме што се случило со неа после излегувањето од лудница кога сфаќа дека животот е најубавиот подарок од Бога.

Во лудницата ќе биде мамена дека наскоро ќе умре, но сето тоа никогаш нема да го дознае за да ја вкусни убавината на животот во целост. Но, дали ја вкусила на крај сè уште не се знае.


„Третета тајна” – Стив Бери

Фасцинантен и возбудлив роман полн со неизвесност, приказна што на интересен начин истражува историска случка која никогаш во целост не е расветлена, третата тајна секогаш ќе остане тајна сè додека не се објави книга со ист наслов, втор дел, која ќе ја открие.


„Загубениот симбол” – Ден Браун

Загубениот симбол претставува интелигентен, молскавичен трилер кој нуди изненадувања на секој агол. Возбудливо и генијално, после „Кодот на Да Винчи“, маестралниот Ден Браун ќе го зароби вашето внимание со оваа книга до последната страница.

Мистерија која остава без здив и го забрзува чукањето на срцето, но сепак останува со мистериозен крај.

Доколку ги имате прочитано, според вас каков би бил нивниот идеален мистериозен крај?

Би можело да ве интересира:

3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
Најдобрите љубовни романи на сите времиња (според кои се снимени и филмови) Можете да прочитате некои од безвременските љубовни класици, или пак да им дадет...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
3 романи за кои ќе сакате да се пофалите дека сте ги прочитале Ако сте од оние читатели, со истенчен вкус, тогаш овие книги сигурно ќе ви се до...
3 книги што може да ги подарите за 8-ми Март Цветот ќе овене, добрата книга со посвета ќе остане спомен засекогаш. На вашите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg