Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд

Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се преправа во маж... некои книги имаат толку интересна приказна, што не можете да ги оставите кога ќе почнете да ги читате.

tri-kralski-prikazni-knigi-koi-kje-gi-prochitate-za-eden-vikend-01.jpg

Некои книги се читаат во еден здив. Почнувате од првата страница и приказната ве влече, а вие заборавате да јадете, ги игнорирате дневните обврски, не одговарате на телефонските повици... Токму такви се овие три книги, кои ќе ги прочитате за еден викенд.

„Големата кралица“ - Кели Еванс

Во VII век во Англија, Батилда е киднапирана и продадена како робинка на градоначалникот на Франкија.

Но, кога неговата сопруга ќе почине, градоначалникот гледа утеха во Батилда. За да побегне од мажот кого не го сака, таа завршува на улица и се бори за опстанок.

Но, по игра на случајот, Батилда успева да го привлече вниманието на кралот, кој е многу помал од неа и нејзиниот живот драстично се менува… Таа станува кралица и владее со три кралства.

Батилда прави работи кои ниту една кралица не ги направила, па добива почит и од својот сопруг, но и од народот како ниту една кралица пред неа. А со тоа ја менува засекогаш средновековната историја на Франција.

Ова е вистинска приказна за животот на една робинка која станува кралица и владее со империја, а сепак многу малку луѓе слушнале за неа…

tri-kralski-prikazni-knigi-koi-kje-gi-prochitate-za-eden-vikend-01_1.jpg

„Сашенка“ - Сајмон Момнтефјоре

На само 16 години, во 1916 година, убавата и тврдоглава Сашенка се инфилтрира во партијата на Сталин како тајна агентка.

Во ова ѝ помага нејзината мајка која во тоа време се забавува со Распутин.

Дваесет години подоцна, Сашенка има моќен маж политичар и станува недопирлива. Но, таа не сака да застане тука.

Со репутација на заводничка, таа се впушта во нова опасна игра, во која е вклучено и руското кралско семејство...

tri-kralski-prikazni-knigi-koi-kje-gi-prochitate-za-eden-vikend-03.jpg

„Првата креалица“ - М. Ади

Кела се преправа дека е момче и прави сè што прават мажите: патува и тргува, се трка со камили и секогаш освојува прво место. Во ова ѝ помага фактот што мажите носат превез преку лицето, па никој не може да забележи дека станува збор за девојка.

Но, нејзиниот идентитет ќе биде откриен, па таа против своја волја ќе биде испратена во семејниот пустински камп за да ги научи женските вештини.

Кела не сака да му се предаде на овој живот. Неа ѝ недостига слободата и возбудата од патувањата што ги имала додека се преправала дека е маж.

Нејзиниот живот се менува повторно кога ќе го запознае моќниот генерал Јусуф и се мажи со него.

Но, со тоа станува соперничка на неговата озлогласена сопруга – кралицата Зејнеб, моќна и љубоморна жена која наоѓа начин да оствари сè што ќе посака. А Кела, со венчавката, ѝ стои на патот...

tri-kralski-prikazni-knigi-koi-kje-gi-prochitate-za-eden-vikend-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg