3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн

Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите три љубовни романи, кои ќе ве разнежат и расположат?

3-romani-za-romatichni-dushi-shto-kje-ve-raznezhnat-pred-valentajn-01.jpg

Овие лесни четива се читаат во еден здив, а вие ќе се заљубите во главните ликови и ќе се поистоветите со нивната приказна.

Уште малку љубов пред Валентајн не е на одмет, нели?

„Слаткоречив туѓинец“ - Лиса Клејпас

Џек е безгрижен милионер од Тексас со нескротлив дух. Ужива во животот, во друштвото на убави жени и не сака обврски, па не им дава никакви ветувања на жените кои ги љуби.

Но, сето тоа се менува кога на неговата врата се појавува жена со бебе во рацете.

Таа е тетка на бебето и тврди дека Џек е неговиот татко. Мајката го напуштила и грижата за него ја препуштила на својата поодговорна сестра. А таа, знаејќи кој е таткото, бара од Џек да преземе одговорност за својот син.

Запознавајќи ги бебето и неговата тетка, Џек знае дека мора да преземе одговорност. И некаде помеѓу грижата за детето и караниците со тетката, тој почнува да се вљубува.

3-romani-za-romatichni-dushi-shto-kje-ve-raznezhnat-pred-valentajn-02.jpg

„Погодокот“ - Ел Кенеди

Али е обична девојка која наскоро ќе дипломира, но не знае што сака да прави потоа во животот. Таа се плаши дека ништо нема да ѝ тргне од рака, зашто освен што има проблеми со самодовербата, не ѝ оди ни во љубовта, откако раскина долгогодишна врска.

Али знае дека секс без обврски не е решение за нејзините проблеми, но не може да му одолее на згодниот хокеар Дин, со кого сака да помине само една ноќ.

По ноќта заедно, Дин сака да продолжат да се гледаат, но Али му нуди само пријателство, а тоа го излудува.

Научен е да добива сè што ќе посака и не му се допаѓа нејзиното одбивање. Затоа решава дека ќе ја освои по секоја цена, а потоа ќе ја остави... Но, работите не одат секогаш по план...

3-romani-za-romatichni-dushi-shto-kje-ve-raznezhnat-pred-valentajn-03.jpg

„Ослободување“ - Али Мартинез

Теа и Ремзи се другари од детството. На 13 години првпат се бакнале, на 16 станале момче и девојка и почнале да планираат заедничка иднина.

Но, на 17 години, Ремзи завршува во затвор, осуден за убиството на момчето што ја силувало Теа.

Од неа бара да го заборави, и ѝ испраќа писмо во кои ѝ пишува дека веќе не ја сака. Но, Теа не се откажува од него.

По 12 години, таа го чека да излезе низ затворските порти и да го види 29-годишниот маж кого, всушност, не го ни познава.

3-romani-za-romatichni-dushi-shto-kje-ve-raznezhnat-pred-valentajn-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 предлог книги за романтични души (нема да ви дадат сон додека не ги довршите) Ако сте романтичари во душа, кои веруваат во тоа дека вистинската љубов секогаш ...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg