Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


4 книжевни предлози од македонските инстаграмџики

Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои се книгите што им оставиле впечаток во изминатата 2023-та година и на своите профили препорачуваат дека задолжително треба да ги прочитате?

4-knizhevni-predlozi-od-makedonskite-instagramdjiki-01.jpg

Јелена Спенџарска во изминатиот период објавуваше видеа со книгите што ѝ оставиле впечаток, а Теона Манго се пофали дека 2023-та ја завршила со 34 прочитани книги и објави кои ѝ оставиле најголем впечаток.

Во продолжение да проследиме 4 книги по препорака на Јелена и Теона:

Јелена Спенџарска

„Вторниците со Мори“ – Мич Елбом

„Оваа книга ќе ве натера да го сфатите животот на еден подлабок начин и да се чувствувате полесно“ – вели Јелена.

Авторот Мич Елбом во оваа книга се осврнува на своите дружби со неговиот професор од колеџ Мори Шварц, со кого имале средби секој вторник.

Мил и Мори изгубиле контакт, но по 20-тина години авторот одлучува да го побара својот ментор и повторно да воспостави контакт со него.

Кога ќе го најде, Мори ги живее последните месеци од својот живот, полека умира, а тогаш двајцата се договараат да се среќаваат повторно секој вторник, како што тоа го правеле во минатото.

А, нивните последни средби се преточени во книжевна лекција за животот и за тоа како треба да се живее.

4-knizhevni-predlozi-od-makedonskite-instagramdjiki-02.jpg

„Планината си ти“ – Бријана Вист

Ова е книга за луѓето што се самодеструктивни и советува како да престанат сами да си ги уништуваат можностите и шансите во животот.

Зошто го правиме тоа, кога го правиме и како да престанеме да го правиме?

Со векови наназад, планината била метафора за големите предизвици со коишто се соочуваме во животот, а оваа книга е упатство за тоа како да се справите со себе, кога вие сте вистинската планина во вашиот живот.

4-knizhevni-predlozi-od-makedonskite-instagramdjiki-03.jpg

Теона Манго

„Петминутна терапија“ – Сара Крозби

Велат дека оваа книга е џебен психијатар што ќе ви помогне да станете најдобрата верзија од себе.

Психологот Сара Крозби се обидува да ви помогне да ги најдете одговорите на прашањата: „Кои сте вие?“, „Што значи да бидете свои?“, „Што значи да бидете автентични?“...

Има поглавја кои се посветени на поврзаноста, границите што треба да ги поставите, внатрешниот говор, повторување на грешките на родителите.

Станува збор за книжевно издание што ќе ви биде од помош ако сѐ уште трагате по себе.

4-knizhevni-predlozi-od-makedonskite-instagramdjiki-04.jpg

„Што ти се случило?“ - Д-р Брус Д. Пери и Опра Винфри

Преку длабоки лични разговори, Опра Винфри и експертот д-р Брус Пери се обидуваат да направат разлика и да нагласат дека прашањето „Што не е во ред со тебе?“, треба да биде заменето со „Што ти се случило?“.

Познатата ТВ водителка споделува приказни од својот живот и се труди да покаже кои се последиците од претрпените трауми на многу мала возраст.

Станува збор за уште една книга за самопомош која треба да ви помогне подобро да се разберете себеси и на тој начин да си дадете можност да се ослободите од траумите.

4-knizhevni-predlozi-od-makedonskite-instagramdjiki-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 предлог книги од нашата букстаграмџика Симона Мано „'Полноќната библиотека' од Мет Хејг ми е една од омилените книги. Немам доволно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg