Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Три љубовни романи совршени за оваа зима

Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А, вие ќе се вљубите во главните хероини и во нивната сила, но и желбата да направат сè во име на љубовта...

tri-ljubovni-knigi-sovrsheni-za-ovaa-zima-01.jpg

Сместени во различни временски периоди, „Чудесната госпоѓица“, „Пустинска роза“ и „Париската сопруга“ имаат нешто заедничко – трите главни женски ликови пленат со својот шарм, досетливост, сила, но и посветеноста на љубениот маж.

Токму затоа во студените зимски денови разгорете ја и сопствената страст со некоја од нив.

Кои се книгите кои треба да ги прочитате оваа зима?

„Чудесната госпоѓица“ – Лорета Чејс

Алистер Карсингтон сака да им избега на своите најлоши навики, постојаното флертување и страста кон жените.

Тој среде зима заминува во Дарбишир и се надева дека ќе побегне од своите пороци, но и дека ќе помине малку време со пријателот што му го спаси животот во битката кај Ватерло.

Но, Алистер таму ја запознава Мирабел Олдриџ, своеглава девојка која е досетлива, но и совршено неодолива.

Ни Мирабел не сака да се вплетка во љубовната мрежа на привлечниот благородник, но тоа не ѝ оди воопшто лесно.

tri-ljubovni-knigi-sovrsheni-za-ovaa-zima-04.jpg

„Пустинска роза“ – Џулија Дросен

Сибила е самохрана мајка со 3 деца и живее во Мароко, туѓа држава која е истовремено и убава, но и опасна.

Низ годините таа станува вистински бизнис магнат и ги урива предрасудите дека жените не можат да имаат кариера.

Сибила не се плаши од никого што ќе ѝ застане на патот.

Таа е веќе 20 години во Мароко, но не сака да се врати во родната Англија.

Сибила сфаќа дека за ориенталниот свет ја поврзува нешто многу подлабоко од работата – љубовта без која не може да живее.

Но, љубовта и работата скоро никогаш не одат заедно, а тоа го чувствува и Сибила на своја кожа.

tri-ljubovni-knigi-sovrsheni-za-ovaa-zima-03.jpg

„Париската сопруга“ – Пола Меклејн

Приказната за еден од најпочитуваните светски писатели, Ернест Хемигвеј, почнува во 1920 година во Чикаго.

28-годишната Хејли мисли дека нема среќа во животот, но тогаш го запознава Хемингвеј - талентиран и амбициозен писател, со кого се мажи.

По венчавката тие се селат во Париз.

Таму, Хемингвеј прави сè за да си обезбеди место во историјата на литературата и потпаѓа под бројни искушенија во градот на пороците и развратот.

Тој е опкружен со убави жени, а Хејли чувствува дека го губи, па прави сѐ за повторно да ја разгори љубовта меѓу нив.

tri-ljubovni-knigi-sovrsheni-za-ovaa-zima-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три љубовни книги за романтични души Нетрпеливост која прераснува во привлечност, лага која води до љубов, љубов и од...
Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg