3 книги за самопомош што вреди да ги прочитате

Ако имате анксиозност, негативни мисли кои не можете да ги контролирате, чувствувате дека сте несреќни или сте растеле покрај родители кои биле себични и не се грижеле за вас - прочитајте ги овие 3 одлични книги за самопомош.

3-knigi-za-samopomos-sto-vredi-da-gi-procitate-01.jpg

Денес ви нудиме три интересни, но и практични книги, со чија помош самите ќе можете да ги надминете анксиозноста, неубавите чувства, негативните мисли...

Книги за самопомош кои вреди да ги прочитате:

„Одмотајте го клопчето на анксиозноста“ - Џадсон Бруер

Џадсон Алин Бруер (49) е американски психијатар, невронаучник и автор, кој создал програми за лекување анксиозност, прејадување и препушување.

Во една од своите книги, „Одмотајте го клопчето на анксиозноста: Како да ги прекинете циклусите на загриженост и страв за да го излекувате својот ум со помош на науката“ (2021), тој дава детална програма како да излезете од волшебниот круг на лошите навики.

Преку својата книга, Бруер нè учи како да откриеме што ни ја предизвикува анксиозноста, како да ги откриеме симптомите на анксиозност, што да направиме да се смириме и како да ја надминеме оваа состојба.

Д-р Бруер направил 20-годишно истражување и практично работел со илјадници пациенти за да им помогне да ја надминат анксиозноста.

3-knigi-za-samopomosh-shto-vredi-da-gi-prochitate-02.jpg

„Престанете да размислувате прекумерно“ - Ник Трентон

Како да ги надминете негативните мисли, стресот, чувството на незадоволство и да живеете без грижи?

Престанете да размислувате прекумерно, тврди Ник Трентон и во својата книга пишува дека токму прекумерното размислување е најголемата причина за човечката несреќа.

Оваа книга за самопомош ја пофалија и луѓе кои имаат анксиозност и опсесивно компулсивно нарушување, па велат дека е четиво кое секој треба да го прочита.

3-knigi-za-samopomosh-shto-vredi-da-gi-prochitate-03.jpg

„Возрасни деца од емоционално незрели родители“ - Линдзи Гибсон

Ако сте растеле со емотивно незрели, недостапни или себични родители, најверојатно во вас се собрани чувства на лутина, осаменост, предавство или напуштеност.

На детството се сеќавате како на време кога не биле исполнети вашите емоционални потреби, кога никој не се грижел за вашите чувства, кога сте морале да преземате обврски како да сте возрасни за да компензирате за однесувањето на вашите родители.

Овие рани може да се излечат и вие можете да тргнете напред во животот.

3-knigi-za-samopomosh-shto-vredi-da-gi-prochitate-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 одлични романи за да го завршите месецот на книгата Приказни за жените кои биле повредени од најблиските, но и за оние кои што живее...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg