Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сериски убиец, мистериозен вирус, адвокат кој работи против клиентот: 3 книги кои ќе ве држат во неизвесност

Сериски убиец во Копенхаген, мистериозна болест од која умираат сите возрасни, но преживуваат децата, адвокат кој наместо невиноста сака да ја докаже вината на својот клиент... Три возбудливи книги кои сигурно ќе сакате да ги прочитате веднаш.

tri-vozbudlivi-knigi-koi-kje-ve-drzhat-napnati-do-samiot-kraj-01_copy.jpg

Љубителите на трилери, напнати ситуации и трагачите по возбуда мора да ги прочитаат овие три романи.

Секоја страница е возбудлива, секоја следна ситуација ќе ве вовлекува поглабоко во приказната и нема да сакате да ја оставите книгата до самиот крај.

Би ги прочитале ли овие три книги?

„Ана“ од Николо Аманити

Вирус ја убива целата возрасна популација. Снемува струја, водата и храната почнуваат да се трошат. Во целата земја се појавуваат неконтролирани пожари.

Но, децата преживуваат, а меѓу нив и Ана, која се грижи за својот помал брат во куќа скриена во шумата.

Таа се труди да го заштити од надворешниот свет.

Пред да почине нивната мајка им вели дека кога ќе пораснат, болеста „ќе ги земе и нив“, но и дека некој некаде има лек.

Затоа, Ана решава да ја остави удобноста на својот дом и да тргне во потрага по она што ќе ги спаси неа и брат ѝ.

Но, реалноста e многу пострашна од она што очекува. А Ана ќе направи сè за да преживее.

tri-vozbudlivi-knigi-koi-kje-ve-drzhat-napnati-do-samiot-kraj-01_1.jpg

„Човек од костени“, Сорен Свејструп

Сериски убиец е на слобода на улиците на Копенхаген.

Освен што ги убива брутално, тој на своите жртви им остава и мал подарок – фигура направена од костени и ќибритчиња.

Поради што го добива прекарот „Човекот од костени“.

Полицијата не успева да го пронајде бидејќи доказите на секое следно убиство укажуваат на некое друго убиство, кое е сосема неповрзано со претходните, а кое полицијата веќе го има разрешено.

Затоа, тие брзаат да го најдат убиецот пред да убие пак. Но, тој е постојано еден чекор пред нив.

tri-vozbudlivi-knigi-koi-kje-ve-drzhat-napnati-do-samiot-kraj-02_copy_copy.jpg

„Анатомија на скандалот“, Сара Вон

Софи Вајтхаус има навидум совршен живот со убав дом, две прекрасни деца и привлечен, успешен маж.

Но, нејзиниот свет се менува оној ден кога нејзиниот сопруг Џејмс доаѓа дома и ѝ признава дека ја изневерил.

Таа сфаќа дека не го познава човекот со кој е во брак.

Но, тоа е само почетокот на нејзините проблеми. Џејмс е обвинет за ужасен злочин.

И иако Софи верува дека тој е невин и жртва на злобен план, неговата адвокатка смета дека Џејмс е виновен, и иако треба да го брани, таа по секоја цена сака да докаже дека тој го сторил злочинот за кој го обвинуваат...

tri-vozbudlivi-knigi-koi-kje-ve-drzhat-napnati-do-samiot-kraj-03_1.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg