3 книги идеални за почетокот на есента, кои ќе ве расположат

Иако се неповрзани тематски една со друга, единствената заедничка работа на овие три книги е што ќе ви го задржат вниманието и ќе расположат додека ги читате.

tri-knigi-idealni-za-pochetokot-na-esenta-lesni-prikazni-koi-kje-ve-raspolozhat-01.jpg

Без оглед каков жанр и да претпочитате, излезете од вашата комфорна зона и на почетокот на есента прочитајте нешто поинакво...

„Само една приказна“ - Џулијан Барнс

Приказната на Џулијан Барнс се случува во 1960-тите во Лондон.

19-годишниот Пол се враќа дома од Универзитет, а мајка му го убедува да се зачлени во тенискиот клуб.

Во клубот станува партнер со Сузан Меклауд (48), мажена мајка на двајца тинејџери.

И покрај големата разлика во години, меѓу нив веднаш се појавува силна привлечност и тие стануваат љубовници.

Многу години подоцна Пол се сеќава на времето кога се запознале, како купиле куќи еден до друг, како се вљубиле и како нивната љубовна приказна се распаднала.

tri-knigi-idealni-za-pochetokot-na-esenta-lesni-prikazni-koi-kje-ve-raspolozhat-02.jpg

„Пржени зелени домати во кафулето Висл Стоп“ – Фани Флаг

Романот напишан 1987 година раскажува за необичното пријателство меѓу Евелин Кауч, домаќинка која е во средовечна криза, и Нини Тредгуд, жена која живее во дом за стари лица.

Евелин секоја недела ја посетува Нини и ги слуша нејзините забавни приказни за времето кога таа живеела во гратчето Висл Стоп во Алабама, каде што нејзината другарка Рут и золва ѝ Иџи имале кафуле...

Според книгата во 1991 година е снимен и истоимениот филм.

tri-knigi-idealni-za-pochetokot-na-esenta-lesni-prikazni-koi-kje-ve-raspolozhat-04.jpg

„Приказна за еден брак“ – Гејр Гуликсен

Драматичен љубовен роман кој ќе го привлече вашето внимание.

Џон, кој ја губи сопругата поради друг маж, се обидува да сфати што се случило со нивната голема љубов.

Тој почнува да ја гледа нивната љубовна приказна преку нејзините очи, а сè почнува со прашањето: „Можеш ли да ми раскажеш за нас?“

И додека слуша за минатото и размислува за своите постапки, тој почнува да ги преиспитува своите ставови за мажественоста и феминизмот, но и тоа што направило неговата сопруга да се вљуби во друг...

tri-knigi-idealni-za-pochetokot-na-esenta-lesni-prikazni-koi-kje-ve-raspolozhat-03.jpg

 А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 предлог книги за романтични души (нема да ви дадат сон додека не ги довршите) Ако сте романтичари во душа, кои веруваат во тоа дека вистинската љубов секогаш ...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg