3 книги што ќе ве замислат (и ќе ве вовлечат во сосема поинаков свет)

Наставник по историја кој е жив неколку векови, но не смее да се вљуби, момче што повикувајќи духови, ќе го повика духот на својот силеџија и ликови што ќе ве одведат во магичните агли на Барселона. Кои книги и ликови не треба да ги пропуштите оваа есен?

3-knigi-shto-kje-ve-zamislat-i-kje-ve-vovlechat-vo-sosema-poinakov-svet-01.jpg

За сите љубители на фантастичната литература, овојпат издвојуваме три книги што сигурно ќе им се допаднат со содржината која може да постои само во светот на фикцијата, но зборуваат за вистински емоции кои се сосема релевантни во нашиот свет.

„Град од пареа“ – Карлос Руиз Зафон

Ѕирнете во кратките раскази на Карлос Руиз Зафон, кои тој ги подготви непосредно пред сопствената смрт во јуни 2020-та година, коишто требало да бидат објавени постхумно.

Станува збор за четива, кои ве водат низ стариот шарм на Барселона, преку неговите најпознати градби и ќошиња, а загатнуваат некои од неговите најпознати теми: очајната младешка љубов и последиците што таа ги има низ животот.

Уште од првата приказна за Бланка и Давид, „Градот од пареа“ ве вовлекува во еден сосема поинаков свет и нема да ви даде мир додека не ги прочитате сите раскази, а вонвременскиот стил на раскажување на авторот ќе ве воодушеви.

3-knigi-shto-kje-ve-zamislat-i-kje-ve-vovlechat-vo-sosema-poinakov-svet-02.jpg

„Како да го запреш времето“ – Мет Хајг

Том Хазард е навидум обичен 41-годишен наставник по историја кој се враќа во Лондон, а уште на првиот училиштен ден се запознава со фасцинантна наставничка по француски јазик, која исто така е фасцинирана со него.

Но, Том има опасна тајна. Заради ретка здравствена состојба, тој историјата не ја учел од книга туку ја живеел. Том е жив веќе со векови: настапувал со Шекспир, бил дел од истражувачкиот тим на Џејмс Кук, па дури и пиел коктели со скот Фицџералд...

Том има заштита од организацијата „Албатрос“, која ги штити таквите како него, но постои само едно правило до коешто тој мора да се придржува: „Никогаш не смее да се вљуби...“

3-knigi-shto-kje-ve-zamislat-i-kje-ve-vovlechat-vo-sosema-poinakov-svet-03.jpg

„Момчињата од гробиштата“ – Томас Ејден

Роман кој ќе ги воодушеви читателите на фантастичната литература, а се врзува за животната приказна на младиот Јадриел, кој сакајќи да покаже дека поседува вистински магиски способности оди на гробиштата за да повика духови.

Проблемот настанува кога ќе го повика духот на Хулијан Дијаз, момчето кое му приредувало вистински кошмари, но одбива да си замине, сѐ додека не се разреши неговото убиство.

Но, колку повеќе време поминува Јадриел со Хулијан, толку потешко му станува да го пушти да си замине.

3-knigi-shto-kje-ve-zamislat-i-kje-ve-vovlechat-vo-sosema-poinakov-svet-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg