Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 биографски книги што вреди да ги прочитате оваа есен

Дали сакате да читате биографски книги? Ако да, тогаш овие три понови изданија се вистинскиот избор за вас оваа есен.

3-biografski-knigi-shto-vredi-da-gi-prochitate-ovaa-esen-01.jpg

Што се крие зад успехот на познатите? Овие биографии ви нудат можност на миг да ѕирнете во животот на некои од најпознатите имиња во историјата.

Од Алберт Ајнштајн до Андриј Шевченко, ова се биографии што вреди да ги земете во раце.

„Ајнштајн: неговиот живот и универзум“ – Волтер Ајсаксон

Кандидатот за Пулицеровата награда, Волтер Ајсаксон во последниот период е актуелен со биографијата на Маск, којашто сѐ уште не е преведена на македонски јазик, но тој е автор и на биографиите за Бенџамин Френкилн, Стив Џобс и Алберт Ајнштајн.

За Ајнштајн постојат повеќе книгi, но се смета дека оваа е најточна затоа што доловува како неговата научна генијалност потекнува од бунтовничката природа на неговиот карактер.

Книгата се заснова на понови писма на Ајнштајн, а раскажува како нетрпеливиот чиновник во канцеларијата за патенти, кој бил заробен во тежок брак и не можел да најде работа како професор или доктор успеал да ги долови сите тајни за креацијата на космосот.

Идеално четиво за сите љубители на науката, но и за сите оние што би сакале барем на миг да дознаат како функционирал еден од најгенијалните умови на сите времиња.

3-biografski-knigi-shto-vredi-da-gi-prochitate-ovaa-esen-02.jpg

„Нежна сила“ - Андриј Шевченко, Алесандро Алчато

Најпознатиот украински фудбалер Андриј Шевченко, заедно со Алесандро Алчато е автор на биографската книга, насловена „Нежна сила“.

Познат како добитник на „Златната топка“ во 2004-та година и тренер на националниот тим на Украина на Европското првенство во фудбал во 2004-та година, во книгата „Нежна сила“ го опишува својот живот и за тоа како фудбалот и пријателството со Џорџо Армани во целост ќе му го променат животот.

Како што вели, фудбалската топка била негова судбина, а фудбалот го избрал него.

3-biografski-knigi-shto-vredi-da-gi-prochitate-ovaa-esen-03.jpg

„Тим: Официјалната биографија на Авичи“ – Монс Мосенсон

Монс Мосенсон во 2022-ра година ја објави интимната биографија за светски позантиот диџеј кој нѐ напушти прерано.

Роден како Тим Берглинг, Авичи беше едно од најпознатите имиња во клупската музика, но одвнатре тој бил мошне интровертен млад човек кој морал да порасне неразумно брзо.

По неколку инциденти, тој престана да оди на турнеи во летото 2016-та година, а речиси 2 години подоцна си го одзеде животот.

Во книгата се вклучени голем број разговори со семејството, пријателите и колегите на Авичи, кои помагаат да се прикаже вистинското лице на музичкиот продуцент кој беше премногу млад за да си замине.

3-biografski-knigi-shto-vredi-da-gi-prochitate-ovaa-esen-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 предлог книги од нашата букстаграмџика Симона Мано „'Полноќната библиотека' од Мет Хејг ми е една од омилените книги. Немам доволно...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg