Серијал од две книги од Колин Хувер кој нема да ви даде мир додека не го завршите

Два романи за жената која се соочува со семејно насилство и која се обидува да ѝ даде шанса на вистинската љубов, но истовремено да ја „заврши“ генерациската траума која се пренесува од колено на колено. Ако мајката била жртва, тоа не значи дека и ќерката треба да трпи, туку напротив, треба да стане посилна и да се спротивстави.

knizheven-duet-na-kolin-huver-koj-nema-da-vi-dade-mir-dodeka-ne-go-zavrshite-01.jpg

Колин Хувер во моментов е една од најпознатите светски писателки на романтични и љубовни романи во светот, но и кај нас, а нејзините обожаватели од целиот свет се израдуваа од фактот што наскоро ќе се снима и филм според нејзината книга „Ова завршува со нас“ со Блејк Лајвли во главната улога.

knizheven-duet-na-kolin-huver-koj-nema-da-vi-dade-mir-dodeka-ne-go-zavrshite-05.jpg

Засега не се знае кога филмот ќе биде објавен и колку ќе ја следи книжевната приказна, па затоа е добро да ги прочитате книгите за да знаете што би можеле да очекувате.

Секој љубител на книгата ќе ви каже дека книгите секогаш се поопширни и поинтересни за читање од филмовите, а за наша среќа, серијалот од две книги на Колин Хувер „Ова започнува со нас“ е преведен и достапен на македонски јазик.

knizheven-duet-na-kolin-huver-koj-nema-da-vi-dade-mir-dodeka-ne-go-zavrshite-04.jpg

Станува збор за одличен серијал, кој од една страна има одлична феминистичка порака, но од друга страна изобилува и со еротски сцени кои ќе ви ја заскокоткаат фантазијата и имагинацијата.

„Ова завршува со нас“

Романот „Ова завршува со нас“ оригинално беше објавен во 2016-та година во САД, а освен што изобилува со романтични и еротски сцени, носи и една важна одлука за тоа како жената треба да се справи со семејното насилство и кога првите знаци се показател дека нешто не е во ред во врската.

Лили штотуку дипломира на факултет и се сели во Бостон со надеж дека наскоро ќе отвори своја цвеќарница таму.

Сосема случајно го запознава неврохирургот Рајл Кинкејд, со кого брзо одлучува да стапи во брак иако кај него почнува да ги забележува знаците што толку долго ги гледала во односот помеѓу татко ѝ и мајка ѝ, која долги години трпела насилство.

Сосема случајно, во животот на Лили се враќа и нејзината прва љубов, Атлас, што само дополнително ќе ги искомплицира работите.

knizheven-duet-na-kolin-huver-koj-nema-da-vi-dade-mir-dodeka-ne-go-zavrshite-03.jpg

„Ова почнува со нас“

Продолжението на мега хитот „Ова завршува со нас“ беше објавено во октомври 2022-ра година и веднаш стана хит.

Овој роман продолжува токму онаму каде што заврши претходниот, односно со средбата помеѓу Лили и Атлас, во периодот кога нејзината ќерка има 11 месеци.

Овој роман е раскажан од перспектива на Лили и на Атлас, а ја раскажува нивната приказна додека се обидуваат да ѝ дадат втора шанса на љубовта, иако се под постојан притисок од нејзиниот љубоморен бивш сопруг.

knizheven-duet-na-kolin-huver-koj-nema-da-vi-dade-mir-dodeka-ne-go-zavrshite-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
3 кратки класични романи (што секој интелектуалец треба да ги прочита) Сакате да читате класици, но ве фаќа уплав од големите и обемни дела на познатит...
3 помалку познати книжевни класици што вреди да им дадете шанса Кога ќе се спомне Франц Кафка, сигурно веднаш помислувате на романот „Процес“, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg