Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 книги од мајсторот на крими-трилерот, Џон Гришам, кои треба да ги прочитате

Писателот Џон Гришам е познат и како мајсторот на адвокатските крими-трилери. Неговите книги се читаат во еден здив, а приказната ќе ви го држи вниманието до последната страница.

3-knigi-od-majstorot-na-krimi-trilerot-djon-grisham-koi-treba-da-gi-prochitate-01.jpg

Некогашниот адвокат Гришам, на крајот на 1980-тите години сфатил дека му здодеало правото, па решил своето знаење поврзано со адвокатите и правниот систем да го преточи во книга.

Во 1989-та година ја издаде својата прва книга „Време за убивање“ (A Time to Kill).

По ова следеше апсолутниот хит „Фирма“ (The Firm), според кој Холивуд сними филм со Том Круз.

3-knigi-od-majstorot-na-krimi-trilerot-djon-grisham-koi-treba-da-gi-prochitate-02_1.jpg

Брзо потоа ја напиша и книгата „Досието Пеликан“ (The Pelican Brief), која исто така беше преработена во филм, со Џулија Робертс и Дензел Вашингтон во главните улоги.

Гришам досега има продадено над 300 милиони книги, а дел од нив се преведени и на македонски јазик.

Во продолжение ви препорачуваме 3 наслови од Џон Гришам што треба да ги прочитате:

„Соработникот“

Инспириран од вистински правен случај што се случил во Лас Вегас, Гришам ја напиша приказната за 25-годишниот студент по право, Кајл Мекавој, човек без криминално досие, кој се вознемирува секојпат кога е во присуство на тајни агенти.

Па, кога двајца тајни агенти ќе го приведат на испрашување и ќе го предадат на мистериозен маж, неговиот живот целосно се менува.

3-knigi-od-majstorot-na-krimi-trilerot-djon-grisham-koi-treba-da-gi-prochitate-02.jpg

„Таен сведок“

„Таен сведок“ е роман за корупција од невидени размери. Тајниот сведок ги има сите докази за заговор што го спремаат еден мафијашки бос, индијански клан и, поразително за правниот систем, еден судија.

Овие докази стигнуваат до млада инспекторка која добива задача да го истражи случајот. Но, тоа ја води до самиот раб на бездната.

3-knigi-od-majstorot-na-krimi-trilerot-djon-grisham-koi-treba-da-gi-prochitate-03.jpg

„Островот Камино“

Банда крадци дрско го ограбуваат трезорот на библиотеката Фаерстон на Универзитетот Принстон.

Нивниот плен е бесценет, но Принстон го има осигурено на дваесет и пет милиони долари.

Дел од пленот по тајни канали ќе стигне до Брус Кејбл, сопственик на популарна книжарница во туристичкото гратче Санта Роса на Островот Камино, во Флорида.

Но, некој полека се инфилтрира во писателскиот круг пријатели на Брус Кејбл за да му ги дознае тајните.

3-knigi-od-majstorot-na-krimi-trilerot-djon-grisham-koi-treba-da-gi-prochitate-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg