Вечерва во Преспав ќе гледате: Кој е новиот симпатичен готвач во кујната на Марио?
- Детали
- понеделник, 27 декември 2021
Во кујната на Марио има нов готвач, Талат се шета со кокошка, а Тони го обвинува дека лаже дека не пие алкохол, додека Коста има сеанси со психолог. Што ќе се случува во пансионот во вечерашната епизода?
Тони му кажува на Марио дека поради тоа што се грижел за него, а и за да му прости за она со вакцинацијата, ќе му донесе помошник на пракса во кујната од Вишо угостителско училиште.
Во пансионот доаѓа Љубен, а Марио почнува да се однесува како кон војник со него.
Коста продолжува со сеансите со психологот, и на секаков начин сака да ја предомисли Ула од идејата да имаат дете.
Во меѓувреме на Талат му се случуваат чудни и необјасниви работи, а зад тие мистерии стојат Миле и Дончо.
Погледнете ја видео најавата:
Преспав С06Е06 - Професор Марио„Добриот глас надалеку се слуша“. Марио станува професор и добива помош во кујна, некој го киднапира Дончо, а Талат... ко Талат. 😂 Вечерва гледајте ја епизодата „Професор Марио“. 👨🏫 #Преспав #Сезона06
Posted by Преспав on Monday, December 27, 2021
Епизодата „Професор Марио“ гледајте ја вечерва во 20:15 на МРТ1.