Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 популарни серии кои (ќе) имаат нови сезони во 2025-та

The White Lotus, The Handmaid's Tale, Black Mirror – дел од најпопуларните серии од изминативе неколку години во 2025-та ќе имаат нови сезони. А, за некои чекавме навистина долго.

10-popularni-serii-koi-kje-imaat-novi-sezoni-vo-2025-ta-01.jpg

Иако мини-сериите стануваат сè попопуларни, има и подолги серии кои ни го задржуваат вниманието, па трпеливо чекаме и повеќе од една година за нова сезона.

А, во 2025-та ќе има нови сезони од скоро сите серии што доминираа изминативе неколку години.

10 популарни серии кои (ќе) имаат нови сезони во 2025-та:

За повеќето серии трејлерите се за најновите сезони и може да содржат спојлери од претходни епизоди.

The White Lotus

The White Lotus е како антологиска серија и во секоја сезона се појавуваат нови ликови.

Дејството се фокусира на гостите во ланец ресорти познати како White Lotus, на различни дестинации во светот.

Со живописните пејзажи од атрактивните дестинации, мрачните елементи во приказната, но и општествените критики, серијата брзо се претвори во една од најзборуваните.

Неодамна излезе третата сезона од серијата.

Severance

Серијата е уникатен психолошки трилер каде главните ликови се вработени во една фирма и нивниот надреден.

Сеќавањата од нивниот деловен и приватен живот се целосно одделени, а кога еден од вработените сретнува колега надвор од работното место, почнуваат да се расплетуваат многу мистерии.

Втората сезона од серијата почна да се емитува во јануари.

The Handmaid’s Tale

Веќе три години го чекаме продолжението на голготата на хероината Џун.

Дејството на серијата е сместено неколку години во иднината, кога во Америка владее вид патријархална диктатура каде што жените се потчинети и искористувани само за размножување.

Главниот лик, Џун, е заглавена во Америка и пробува да избега од хоророт.

Шестата (и последна) сезона ќе почне да се емитува на 8-ми април.

Black Mirror

Антологиската серија која на мрачен начин ги покажува негативните страни на технологијата првпат почна да се емитува уште во 2011 година.

Секоја епизода е различна приказна со различни ликови и се фокусира на последиците од технологии што ни се чинат револуционерни (како вештачка интелигенција).

Седмата сезона ќе почне да се емитува годинава, но уште нема конкретен датум.

The Bear

Со Џереми Ален Вајт во главната улога, The Bear ја раскажува приказната на млад готвач, кој од Чикаго се враќа да работи во сендвичарницата на неговото семејство.

Во околина многу поразлична од она на коешто е навикнат, тој мора да се справи со предизвиците за кои не ни сонувал.

Четвртата сезона ќе почне да се емитува во јуни 2025-та.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 мини-серии на Нетфликс што се гледаат во еден викенд Љубителите на хорор треба да ја изгледаат The Fall of the House of Usher, додека...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 (мини) серии на HBO Max, совршени за продолжен викенд Српската „Сабља“ или The Penguin за оние кои ја сакаат помрачната верзија на Бет...
Колку се променија ѕвездите од „Вовед во анатомија“ речиси 20 години по премиерата? Д-р Дерек Шепард е остарен и оседен, но уште го има заводничкиот шарм во себе, а...
Амнезија, заменети бебиња: „Омилените“ клишеа од сапуниците со кои пораснавме „Кога одеднаш ќе се појави сестра или брат за кои никој не знаел. Уште полошо ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg