10 популарни серии кои (ќе) имаат нови сезони во 2025-та
Wednesday
Џена Ортега одлично го долови ликот на Венздеј Адамс во забавната и по малку мрачна адаптација на Тим Бартон.
Таа е главниот лик во серијата, а дејството се фокусира на нејзините училишни денови во академијата Nevermore.
Втората сезона ќе се емитува во 2025 година, но засега не е откриен точниот датум.
The Last of Us
Годинава ќе имаме можност да ја погледнеме втората сезона на една од ретките добри адаптации на видеоигри.
Снимена според истоимените игри, серијата раскажува за постапокалиптичен свет каде маж кој ја изгубил ќерка си и млада девојка пробуваат да преживеат, но и можеби да го најдат лекот за вирусот што ја опустошува земјата.
Втората сезона ќе почне да се емитува на 13-ти април.
https://www.youtube.com/watch?v=BOsAJ7oe2QE
Stranger Things
Годинава конечно ќе го видиме расплетот на носталгичната Stranger Things.
Со дејство сместено во 1980-тите, серијата се фокусира на група деца кои пробуваат да ги разоткријат мрачните тајни на лабораторија во нивниот мал град.
Последната сезона треба да се емитува кон крајот на 2025-та, но креаторите најавија дека постои можност датумот да се одложи за наредната година.
Squid Game
Неполна година по втората сезона, на Нетфликс ќе можете да ја изгледате и третата сезона од јужнокорејската серија Squid Game.
Ликовите во серијата се луѓе кои прифаќаат да играат смртоносни игри, со надеж за огромна парична награда.
Главниот лик, кој победува во првата сезона, пробува да ја сруши елитата која стои зад свирепите игри.
Новата сезона ќе биде достапна од 27-ми јуни 2025-та.
Yellowjackets
Главните ликови се група средношколки кои се дел од нивниот училиштен фудбалски тим.
По авионска несреќа, тие остануваат заглавени во шума во Канада и пробуваат да преживеат како што знаат и умеат.
Третата сезона почна да се емитува во средината на февруари, а новите епизоди ќе излегуваат до 11-ти април.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





