Зошто ме преплави среќа од првата епизода од новата сезона на „Преспав“?
„Затоа што одамна не сум се радувала на некоја ТВ програма и не сум чекала одреден тајминг нешто да се емитува. Плус, некако среќата е колективна. Им се јавив на татко ми и сестра ми за да ги потсетам да не заборават да гледаат, а тие ми кажаа дека веќе знаат и чекаат за да гледаат Преспав.“
фото: Фејсбук Преспав
Затоа што си навив аларм за да не заборавам да ја гледам првата епизода од 6-тата сезона на Преспав во 20:15 на МРТ1.
Затоа што одамна не сум се радувала на некоја ТВ програма и не сум чекала одреден тајминг.
Плус, некако среќата е колективна.
Им се јавив на татко ми и сестра ми за да ги потсетам да не заборават да гледаат, а тие ми кажаа дека веќе знаат и го чекаат тајмингот.
Атмосферата малку ме потсети дури на шармот кога при емитувањето на Касандра улиците низ Македонија беа празни.
Добро сега не се празни, но ме потсети.
Затоа што додека ја гледавме епизодата со сопругот се смеевме на глас.
Најмногу од сè затоа што е македонски производ кој со леснотија успева да ме радува.
Затоа што се соживеав со ликовите.
Затоа што во главата ми е трка кој ми е омилен лик и секогаш имам промена, па од Талат и Коста до Исаура и Јелена, омилениот лик ми е променлив.
Затоа што чувствувам возбуда што исчекувам нешто на телевизија, во време кога секоја содржина ми е на еден клик.
Некако си има посебна магија тоа, мора да признаете.
Затоа што епизодата не ме разочара, туку ми ги задоволија очекувањата, а и ми ги надминаа.
Затоа што ми беа на ниво на задачата, па дури и пошармантни и посмешни и покреативни.
Затоа што Преспав е производ со македонско сонце и производ за кој со задоволство кажувам „Браво! Токму вакво нешто ни беше потребно и мило ми е што CRNOBELO.com е пријател на Преспав“.
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело