„Мислиш дека ми е лесно да те гледам со друга девојка?“ – Хит моменти од премиерата на втората сезона на „Тин камп“
Срцепарателни љубовни моменти помеѓу младите јунаци, но и сериозни настани и случувања од секојдневието кои ги лансираат децата во светот на возрасните - се емитува последната сезона на нашата хит тинејџерска серија „Тин камп“.
Повторно започна емитувањето на втората сезона на македонската хит тинејџерска серија „Тин камп“, која е една од ретките забавно-музички серијали кај нас, што обработува теми соодветни за тинејџерите.
Тинејџерскиот серијал „Тин камп“ е спин-офф на „Дајте музика“, што доживеа голем успех со првата сезона, во која пропратно беа прикажани реалните проблеми на младите во секојдневието, додека се на престижен музички камп во Крушево.
Во втората сезона, популарните ликови повторно се собираат на едно место, на уште еден камп, каде се соочуваат со незаборавни моменти од кои учат нови животни лекции.
Од љубовни авантури и непреболени љубови, проблеми, ноќни клубови, до сериозни живото-загрозувачки ситуации и настани кои ги лансираат децата во светот на возрасните.
Вчеравечер (22.09.2024) се емитуваше првата епизода од втората сезона, а тимот на серијата, направи промоција во локал.
Цаци Паковска, која е дел од продукцијата, објави фотки од актерската екипа и напиша:
„Бидете горди на вашиот талент, не секој го има! Незаборавни моменти од промоцијата на втората сезона на Тин камп“.
Погледнете го и трејлерот за втората сезона со сцени кои ќе ве наежат, а не заборавајте да ги следите епизодите секоја сабота и недела од 20:15 на МРТ1:
М. М. | Црнобело