10 одлични (и потресни) воени филмови инспирирани од вистински приказни и конфликти

Dunkirk на Кристофер Нолан доби многу пофалби за реалистичниот приказ на амбициозната евакуација на 300.000 војници од брегот на Франција за време на Втората светска војна.

10-odlichni-i-potresni-voeni-filmovi-inspirirani-od-vistinski-prikazni-i-konflikti-01.jpg

Воените филови неретко се тешки за гледање бидејќи повеќето имаат за цел реално да го прикажат хоророт на војната.

Но, ова се и филови кои се едукативни и корисни не само поради историските факти, туку бидејќи нè тераат да се сочувствуваме со жртвите.

Дел од филмовите што ви ги предлагаме се снимени според висински приказни, додека во дел се среќаваат фиктивни ликови, но дејството е сместено во војна која дефинитивно била реалност за многумина.

10 од најдобрите воени филмови на сите времиња:

Saving Private Ryan

Со Мет Дејмон во главната улога и во режија на Стивен Спилберг, филмот е инспириран од вистинска приказна, иако повеќето детали се фикција.

Дејството е сместено во Франција, за време на Втората светска војна, кога група американски војници тргнуваат на мисија да спасат војник по име Рајан.

Иако мисијата е ризична, сепак мораат да ја изведат бидејќи сите тројца браќа на Рајан веќе загинале во војната.

The Hurt Locker

The Hurt Locker е снимен според искуството на новинар кој поминал извесен период со одред за детонирање бомби.

Главните ликови се група американски експерти за детонирање кои се во Ирак за време на Ирачката војна.

Иако дејството е бавно, The Hurt Locker веќе важи за еден од највлијателните воени филмови на сите времиња.

Schindler’s List

Снимен според книгата на Томас Кенили и во режија на Спилберг, Schidnler’s List се фокусира на бизнисменот Шиндлер и неговата „спасувачка мисија“ во Втората светска војна.

Користејќи го своето влијание, Шиндлер успева да спаси илјадници Евреи од концентрационите логори.

Интересно е што режисерот Спилберг работел на филмот бесплатно бидејќи сметал дека парите заработени од него се крвави.

Dunkirk

Dunkrirk, во режија на Кристофер Нолан, ја прикажува најголемата евакуација за време на Втората светска војна, но и во историјата воопшто.

За време на војната, по Битката за Франција, над 300.000 војници на Алијансата остануваат заробени на брегот на Франција, опкружени од непријателот, по што почнува нивната евакуација.

Нолан доби многу пофали за реалното претставување на суровите услови за време на спасувањето на војниците.

The Pianist

Снимен според мемоарите на еврејски пијанист од Полска и во режија на Роман Полански, The Pianist е еден од најпотресните филмовна листата.

Главниот лик е познат пијанист кој e евреин и кој за време на Втората светска војна губи контакт со семејството.

Како што војната ескалира, тој пробува се скрие низ руинираната Варшава за да преживее.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
„Мислиш дека ми е лесно да те гледам со друга девојка?“ – Хит моменти од премиерата на втората сезон... Срцепарателни љубовни моменти помеѓу младите јунаци, но и сериозни настани и слу...
Ја дрогирале Џуди Гарланд, организирале оргии: Скандалите на снимањето на „Волшебникот од Оз“ Иако ужива статус на култен филм, снимањето на „Волшебникот од Оз“ во 1930-тите ...
10 понови серии за љубителите на психолошки трилери The Crowded Room со Том Холанд во главната улога и Expats со Никол Кидман во гла...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg