Пандемија, штрајкови, терористички напад: Филмови кои се правеле со години (и зошто)
Снимањето на популарниот Wicked било одложувано неколкупати и од првата идеја за филмот до премиерата поминаа скоро две децении.
Снимањето филм, особено високобуџетен, бара огромна организација.
Додека ние ги гледаме само актерите, во целата продукција на холивудските филмови учествуваат стотици, некогаш и илјадници луѓе.
Од идејата за филмот и пишувањето на сценариото, преку добивањето пари за снимање, па сè до крајниот резултат, некогаш можат да поминат години, но и децении.
Потенцијални пречки во работа на еден филм има безброј – од финансиски проблеми, до пандемија и штрајк во Холивуд.
10 познати филмови за кои биле потребни децении за да се направат:
The Thief and the Cobbler
Режисерот и аниматор Ричард Вилијамс работел околу 30 годишнина анимираниот филм The Thief and the Cobbler.
Во 1960-тите, режисерот требало да илустрира книга за ликот Насрдин-оџа кој е познат и во нашите народни приказни.
Истовремено, почнал да работи и на филм за ликот кој требало да биде во продукција на Paramount Pictures.
Откако авторот на книгата што ја илустрирал Вилијамс го прекинал договорот со филмското студио, режисерот успеал да ги задржи правата на ликовите што ги креирал.
Но, тој период му било тешко да најде инвеститори за неговиот филм.
Откако освои Оскар за Who Framed Rofer Rabbit во 1988-та, добил поддршка од друго филмско студио, Warner Bros.
Но, Вилијамс и неговиот тим не го завршиле филмот навреме, па работата ја продолжила друго филмско студио.
Филмот конечно беше завршен во 1995 година.
A. I. Artificial Intelligence
Режисерот Стенли Кјубрик првпат му ја предложил идејата за филмот на Стивен Спилберг во 1984 година.
Низ годините вработил и неколку автори, вклучувајќи го и познатиот Артур Кларк, но не успеал да добие добро сценарио.
Во 1993 година, во договор со Warner Bros., требало да почне со снимањето на филмот.
Сепак, Кјубрик почнал да работи на Еyes Wide Shut и го ставил научнофантастичниот филм во втор план.
И, Кјубрик никогаш не ја доживеа премиерата на филмот.
По неговата смрт, работата на филмот ја презеде Стивен Спилберг и конечно, A.I. имаше премиера во 2001 година.
Avatar
Џејмс Камерон почнал да работи на сценариото за Avatar уште во 1994 година.
Но, сфатил дека тогашната технологија нема да му овозможи да ја реализира својата замисла и се откажал од идејата.
Дури во 2006 година, инспириран од специјалните ефекти во The Lord of the Rings, и Pirates of the Caribbean, режисерот решил да се обиде со филмот.
Во првите месеци од 2006 го напишал сценариото и веднаш почнале со снимање, а филмот беше издаден во 2009 година.
Режисерот долго работеше и на второто продолжение – дури 13 години.
Boyhood
Филмот на режисерот Ричард Линклејтер се снимал околу една деценија, односно од 2002 година дo 2013-та.
Во овој случај, замислата на режисерот била истиот актер да го глуми главниот лик како дете и како тинејџер, односно да го следи неговото растење пред камера.
Па, снимале еднаш годишно со истите актери, во текот на 10 години.
Филмот беше издаден во 2014 година.
Mad Max: Fury Road
Третото продолжение од Mad Max беше издадено во 1980-тите, а за четврто фановите чекаа дури 30 години.
Иако филмот бил планиран уште во 1990-тите, низа проблеми ја спречиле продукцијата – од нападот на 11-ти септември во Њујорк, до менување на главниот актер (Мел Гибсон).
Подготовките за филмот почнаа во 2009 година, а снимањето почна две години подоцна и филмот беше издаден во 2015-та.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





