Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пандемија, штрајкови, терористички напад: Филмови кои се правеле со години (и зошто)

The Other Side of the Wind

Последниот филм на режисерот Орсон Велес беше издаден постхумно, цели 48 години откако почнала работата на него.

Режисерот почнал да го снима филмот во 1970 година, но за шест години успеал да склопи само 40-тина минути филм.

Тој почина во 1985 година, по што почна расправа за правата над филмот – многумина кои работеле на филмот сакале да го завршат, но не можеле да се договорат кој ќе го има крајниот збор.

По неколку децении, Нетфликс ја презеде работата на филмот и го издаде во 2018 година.

The Man Who Killed Don Quixote

Режисерот Тери Гилијам сакал да сними филм инспириран од „Дон Кихот“ уште во 1989 година.

Тргнувајќи од оваа идеја, му требало цела деценија да се подготви за снимањето кое почнало во 2000 година.

Но, снимањето било прекинато по само пет дена од низа пречки, како финансиски и здравствени проблеми.

Во 2013 година, самиот режисер изјави дека му „преку глава“ од филмот и дека само сака да го заврши.

Филмот беше издаден пет години подоцна, во 2018-та.

Killers of the Flower Moon

Мартин Скорсезе го најмил Леонардо ди Каприо за Killers of the Flower Moon уште во 2017 година.

Ди Каприо требало да глуми друг лик, но самиот му предложил на режисерот да му го даде ликот кој го глуми во филмот.

Но, додека да почнат со снимање, почна и пандемијата, па режисерот мораше да направи одложување од една година.

Официјално се почна со снимање во 2021-ва и премиерата беше закажана за крајот на 2022 година.

Сепак, Скорсезе сакал филмот да биде земен предвид и за Оскарите, па ја одложи премиерата за 2023-та.

За жал, и покрај десетте номинации, не доби ни еден Оскар.

Megapolis

Режисерот Френсис Форд Копола почнал да работи на Megapolis уште во 1980-тите.

Сепак, холивудските студија ја изгубиле вербата во него поради неуспешниот филм One from the Heart.

Кога успеа да си ја подобри репутацијата во 1990-тите, режисерот ги најмил Роберт де Ниро, Леонардо ди Каприо и Ума Турман.

Но, нападите на 11-ти септември во Њујорк ги одложиле сите планови и целата продукција била паузирана.

Режисерот повторно му се врати на филмот во 2019-та, со нова актерска екипа, а одлучи и сам да покрие околу 100 милиони долари од трошоците.

И покрај целата драма, филмот доби прилично лоши критики кога беше издаден во 2024-та.

Wicked

Бродвејскиот мјузикл Wicked брзо се прославил во САД по премиерното прикажување во 2003 година.

И, како и со секој успешен мјузикл, уште тогаш постоела и идејата за филм.

Продуцентите и авторот на книгата за мјузиклот имале средба во 2010 година, а во 2016 избрале и режисер.

Но, во меѓувреме почнала работа на адаптацијата на друг бродвејски мјузикл – Cats – кој помина многу лошо.

По премиерата на Cats, почна пандемијата, па филот уште еднаш бил одложен.

Во 2021-ва година беше променет режисерот и снимањето почна дури во 2022-ра.

Сепак, поради штрајковите на авторите следната година, снимањето повторно беше запрено на недела-две.

Снимањето заврши дури ви јануари 2024-та, а филмот премиерно беше прикажан во ноември истата година.

За разлика од Cats, Wicked беше огромен комерцијален успех, а имаше и десет номинации за Оскар.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
Колку се променија ѕвездите од „Вовед во анатомија“ речиси 20 години по премиерата? Д-р Дерек Шепард е остарен и оседен, но уште го има заводничкиот шарм во себе, а...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Актери кои си ги загрозиле здравјето и животот со костимите во нивните филмови Кејт Винслет речиси ќе загинела на снимањето на Titanic кога нејзиното палто се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg