10 филмови кои ја прикажуваат мрачната страна на алчноста за пари и моќ
The Wolf of Wall Street е можеби најдобар пример за мрачната страна за желбата за пари моќ.
Сите зборуваме за тоа колку желбата за пари и моќ може да биде лоша, но ретко кога размислуваме за вистинските и реални последици од неа.
Некогаш со алчноста, луѓето си наштетуваат сами, но некогаш ги водат сите околу себе во пропаст.
10 одлични филмови што се фокусираат на оваа тема:
The Wolf of Wall Street
Кога станува збор за последиците од алчната желба за пари и моќ, веројатно нема подобар пример од филмот на Мартин Скорсезе.
Снимен според вистинска приказна, The Wolf of Wall Street се фокусира на подемот и падот на Џордан Белфорт кој преку измами и лаги станува еден од најмоќните брокери на Волстрит и стекнува огромно богатство.
American Psycho
American Psycho оди до екстреми кога ја критикува алчноста.
Главниот лик е Патрик Бејтман, богат банкар за кого материјалното е најважно, но и кој потајно е и психопат.
Неговите мрачни фантазии ескалираат и тој станува немоќен да ja контролира својата желба за крвопролевање.
Saltburn
Saltburn можеби не е филм за секого, но според многумина, мошне добро ја прикажува опсесијата кон материјалното, но и луѓето.
Главните ликови се Феликс и Оливер – пријатели кои студираат на Оксфорд.
Оливер оди на гости кај богатото семејство на Феликс и станува „болно“ опседнат по раскошот што другар му го зема „здраво за готово“.
Triangle of Sadness
Triangle of Sadness е мрачна комедија која се обидува да го прикаже контрастот помеѓу богатите и сиромашните на уникатен начин, додека на некој начин ги исмејува првите.
Главните ликови се инфлуенсери кои се поканети на крстарење со многу богати луѓе.
Но, кога доживуваат бродолом, социјалната хиерархија се менува.
There Will be Blood
There Will be Blood e како критика на капитализмот, фокусирајќи се на алчноста.
Главниот лик е маж кој сонува да стане најмоќниот нафтен тајкун.
За да ја стигне својата цел, подготвен е да ги манипулира и искористи сите околу себе, дури и неговиот син.