10 одлични психолошки трилери од 2020-тите што можеби сте ги пропуштиле
Nobody
Со Боб Оденкирк, ѕвездата од Breaking Bad во главната улога, Nobody е филм кој ја истражува скриената природа на човекот.
Главниот лик е Хач, маж во чиј дом влегуваат неколку крадци.
Обидувајќи се да ги казни, тој станува мета на познат и моќен криминалец.
Last Night in Soho
Во режија на Едгар Рајт и со Ања Тејлор Џој во една од главните улоги, Last Night in Soho е уникатен, но и морничав филм.
Главниот лик е Елоис, млада девојка која се запишува на студии по моден дизајн во Лондон.
Опседната со 1960-тите, таа почнува да сонува како се претвора во жена која живеела во овој период во Лондон.
God’s Crooked Lines
Шпанскиот филм, кој го споредуваат со Shutter Island, се фокусира на приватна детективка која работи на случај.
Таа се пријавува во ментална институција, тврдејќи дека има параноја, со цел да собере докази за убиството што пробува да го реши.
Watcher
Watcher е морничав филм каде новото поглавје од животот на пар почнува да се претвора во хорор.
Главните ликови се млада актерка и нејзиниот дечко кои се преселуваат во Букурешт.
Изгледаат среќни, сè додека актерката не забележи дека некој постојано гледа кон нејзиниот прозорец.
The Good Nurse
Фактот дека е снимен според вистинска приказна е она што го прави The Good Nurse особено морничав.
Главниот лик е медицинска сестра која дознава дека нејзин колега е одговорен за смртта на многу пациенти, а со години успевал да ѝ избега на правдата.
Спирова С. | Црнобело