10 филмски премиери низ македонските кина до крајот на 2024-та
Неколку продолженија, но и првиот македонски долгометражен анимиран филм – што ќе гледаме во кино до крајот на 2024-та?
Се ближи крајот на 2024 година, но во наредните 2-3 месеца нè очекуваат бројни филмски премиери.
Морничави филмови за Ноќта на вештерките, забавни приказни со Дедо Мраз за празничната сезона, но и филмови со суперхерои – до крајот на 2024-та, има за секого по нешто.
10 филмски премиери до крајот на годинава што можете да ги гледате низ македонските кина:
Smile 2
- 17-ти октомври
Продолжението на морничавиот филм од 2022 година ќе биде со друга актерска екипа, но со истиот или сличен негативец.
Главниот лик е популарна поп пејачка.
Додека се подготвува за светска турнеја, почнува да сведочи на морничави работи и мора да се соочи со нејзиното минато.
Weekend in Taipei
- 17-ти октомври
Џон е агент во американската Администрација за сузбивање дрога кој се вљубува во жена од Тајпеј.
Тие се присилени да се разделат, но повторно се сретнуваат 15 години подоцна, кога Џон е на мисија во Тајпеј.
Venom: The Last Dance
- 24-ти октомври
Во последниот дел од трилогијата за популарниот стрип херој, Том Харди ја репризира својата улога.
Тој го глуми Еди, маж кој има и алтер его – вонземјанинот Веном. Тие се гонети и од луѓе, и од вонземјани, па одлучуваат за последен пат да ги здружат своите сили.
Јон Вардар против галаксијата
- 1-ви ноември
„Јон Вардар против галаксијата“ е првиот македонски долгометражен анимиран филм, во режија на Гоце Цветановски
Главните ликови се необичен маж и емоционално нестабилен робот.
Тие се на мисија да ја спасат (или уништат) галаксијата.
Red One
- 7-ми ноември
Со Двејн Џонсон и Крис Еванс во главните улоги, Red One акциона комедија инспирирана од приказната за Дедо Мраз.
Кога некој го киднапира Дедо Мраз од Северниот Пол, двајца експерти се здружуваат за да го најдат пред почетокот на Божиќ.