10 филмови совршени за топлите летни ноќи (кога не ви се излегува)

The Goonies ќе ве врати во безгрижните детски денови, додека Under the Tuscan Sun ќе ве „прошета“ низ шармантната Италија.

10-filmovi-sovrsheni-za-toplite-letni-nokji-koga-ne-vi-se-izleguva-01.jpg

Периодов кога и навечер времето е многу, многу топло, најдобрата разонода ни е дома, под клима.

Ако, пак, ви се гледа и филм, следниве предлози се совршени за топлите летни ноќи:

Moonrise Kingdom

Главните ликови се две 12-годишни дечиња кои живеат на остров.

Тие се вљубуваат едно во друго и одлучуваат да живеат заедно во дивината.

Но, не известуваат никој за нивниот план и сите мислат дека се изгубени.

King Richard

Со Вил Смит во главната улога, филмот е инспириран од животната приказна на тенисерките Венус и Серена Вилијамс.

Од скромните почетоци и напорните тренинзи со татко им, па сè до светскиот успех, King Richard ги опфаќа најважните моменти од животот на тенисерките.

Ticket to Paradise

Главните ликови се поранешни сопружници чија ќерка сака да се омажи за фармер од Индонезија.

Тие одат на Бали со цел да ја спречат, но во целата авантура почнуваат да се присетуваат на среќните мигови заедно.

Dazed and Confused

Филмот што го прослави Метју Меконахи одлично ја доловува магијата на последниот училиштен ден пред летниот распуст.

Дејството е сместено во 1970-тите, а главните ликови се група тинејџери кои организираат забава за почетокот на распустот.

Fast Times at Ridgemont High

Култниот Fast Times at Ridgemont High, со Шон Пен во главната улога, е уште еден филм што ќе ве врати во тинејџерските години.

Главните ликови се група средношколци, а дејството се фокусира на нивното секојдневие и проблемите што ги мачат тинејџерите.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
10 одлични филмови каде главниот лик е негативец Joker е најпопуларниот филм со негативец во главната улога, додека There Will Be...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 носталгични филмови што ќе ве вратат во (средно)школските денови Никогаш нема да погрешите со Mean Girls, а ако сакате филм со посериозна тема, и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg