10 филмови совршени за топлите летни ноќи (кога не ви се излегува)

The Goonies

Ако сакате да се потсетите на безгрижните детски денови, изгледајте го The Goonies.

Група деца наоѓаат стара мапа и тргнуваат на авантура во нивниот град за да го најдат загубеното богатство.

Vicky Christina Barcelona

Главните ликови се две девојки кои одат на одмор во Барселона.

Овде запознаваат уметник кој ги привлекува и двете, но одеднаш се појавува и неговата поранешна сопруга.

The Parent Trap

Се сеќавате на лектирата „Двојната Лота“? The Parent Trap со Линдзи Лохан е инспириран токму од неа.

Главните ликови се две девојчиња кои се запознаваат на летен камп. Но, набрзо сфаќаат дека се близначки, па пробуваат да си ги сменат местата.

Charlie’s Angels

За денешни стандарди, Charlie’s Angels е навистина лош филм, но факт е дека скоро сите уживаме да ги гледаме Камерон Диаз, Луси Лиу и Дру Баримор во улога на опасни агентки.

Задачата што ја добиваат од нивниот мистериозен шеф е да најдат украден софтвер.

Under the Tuscan Sun

Изгледа сите филмови со дејство сместено во Италија асоцираат на лето.

Во Under the Tuscan Sun, главниот лик е 35-годишна писателка која се разведува и има депресија.

Сакајќи да си го промени животот, таа купува куќа во Тоскана.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
10 одлични филмови каде главниот лик е негативец Joker е најпопуларниот филм со негативец во главната улога, додека There Will Be...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 носталгични филмови што ќе ве вратат во (средно)школските денови Никогаш нема да погрешите со Mean Girls, а ако сакате филм со посериозна тема, и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg