Филмски премиери кои со нетрпение ги очекуваме во 2024-та
Долгоочекуваното продолжение на Dune, но и биографскиот филм за Боб Марли – Што ќе гледаме во првите три месеци од 2024 година?
Многу филмски премиери беа одложени поради штрајкот на актерите и авторите во Холивуд.
Но, повеќето од нив ќе имаме можност да ги погледнеме во првите три месеци од новата година.
Односно, до крајот на март ќе бидат прикажани дел од филмовите кои најмногу ги очекувавме лани.
10 филмски премиери што не треба да ги пропуштите во првите три месеци од 2024-та:
*Датумите се за премиерите во САД, што значи може да се разликуваат од оние во Македонија. Истовремено, некогаш студијата ги одложуваат премиерите, па можно е да дојде до промена.
Mean Girls (12-ти јануари)
Сите го знаеме култниот Mean Girls од 2004-та со Линдзи Лохан во главната улога.
Филмот што ќе излезе годинава е со истите ликови, но поразлична приказна, а истовремено е и мјузикл.
Главниот лик е повторно девојка по име Кеди која почнува да оди во ново училиште, каде што се здружува со група злобни девојки.
The Zone of Interest (2-ри февруари)
Дејството е сместено во периодот на Втората светска војна.
Главните ликови се командант на Аушвиц и неговата сопруга кои живеат со семејството во куќа сместена до логорот.
Филмот нуди нова и мрачна перспектива на овој период од историјата, а веќе е и фаворит за Оскар.
Argylle (2-ри февруари)
Главниот лик е авторката Ели која пишува шпионски романи.
Но, таа сфаќа дека она што се случува во нејзините книги се одвива и во реалноста
Филот е акциона комедија со одлична актерска екипа што ја сочинуваат Хенри Кавил, Сем Роквел, Брајан Кренстон…
Bob Marley: One Love (14-ти февруари)
Музичка драма која се фокусира на животот на Боб Марли.
Филмот го опфаќа скоро целиот живот на познатиот музичар – од неговото прославување, до неговата смрт во раните 1980-ти.
Madame Web (14-ти февруари)
Снимен според стриповите на Марвел, Madame Web ја раскажува приказната на Касандра Веб.
Таа работи како болничар и има моќи за предвидување. Како што се здружува со три моќни жени, таа е присилена да се соочи со нејзиното минато, но и да преживее во сегашноста.