10 филмови што не треба да ги пропуштите во пролет/лето 2023
Продолженија, адаптации, но и новитети од омилените режисери – што ќе гледаме годинава до крајот на летото?
По „сушните“ години поради пандемијата, филмската индустрија повторно работи со полна пареа, па сега ќе имаме можност да погледнеме многу одлични филмски наслови, од кои повеќето беа неколкупати одложувани.
10 филмски премиери кои не треба да ги испуштите во пролет/лето 2023:
Fast X – 19 мај
Иако неколкупати го најавуваа крајот на филмскиот серијал, ова лето ќе можеме да го погледнеме десетото продолжение на Fast and Furious.
Главниот лик повторно е Доминик, кој овојпат ќе треба да го заштити своето семејство од опасен нарко-бос.
Вин Дизел и Мишел Родригез ги репризираат своите улоги, а покрај нив ќе се појават и ѕвезди како Џејсон Момоа, Џејсон Стејтам, Шарлиз Терон…
The Little Mermaid – 26 мај
Уште една од неколкуте адаптации на Дизни на нивните популарни цртани од минатото.
Приказната ви е добро позната – Ариел е сирена која е фасцинирана од светот на луѓето, но не смее да го истражува.
По бродолом, таа го спасува принцот Ерик и се вљубува во него.
Spider-Man: Across the Spider-Verse – 2 јуни
Ова е второто продолжение од многу успешниот анимиран филм за Спајдермен од 2018-та (кој е наменет и за возрасни).
Во новиот филм, главниот лик Мајлс е на мисија да го спаси секој универзум од мултиверзумот.
Asteroid City – 16 јуни
Новиот филм на Вес Андерсон има одлична актерска екипа, вклучувајќи ги Том Хенкс, Марго Роби и Скарлет Јохансон.
Дејството е сместено во 1955 година, кога бројни родители и нивните деца се собираат на конвенција во фиктивен американски град.
Филмот ги следи (необичните) настани на конвенцијата.
https://www.youtube.com/watch?v=lCANNMzqBCk
Elemental – 16 јуни
Во новата соработка на Дизни и Пиксар, главните ликови се четирите елементи – оган, вода, воздух и земја.
Сите живеат во ист град и се на пат да откријат дека имаат многу повеќе сличности отколку што мислат.