Следејќи ја денешната динамика на водење, реализација и организација на бизнисот, Македонски Телеком во пaртнерство со Microsoft го збогати своето портфолио за бизнис корисници со нова услуга. Почнувајќи од денеска, на компаниите им е достапна Office 365 услугата кој ги вклучува добро познатите Office апликации (Word, Excel, PowerPoint, Outlook), коишто може да се користат инсталирани локално на компјутер или преку интернет прелистувач на смартфон, таблет или лаптоп. Услугата вклучува и алатки за комуникација и тимска работа со кои компаниите ќе го освежат и трансформираат бизнисот, ќе станат поефикасни, овозможувајќи им истовремено флексибилност, сигурност и професионалност во работењето...