ОКТА, 40 години енергија за живот

Главниот снабдувач со горива во земјава одбележува 40годишен јубилеј.

okta-40-godini-energija-za-zivot-001.jpg

(Скопје, 03.05.2018) - ОКТА 40 години е синоним за сигурна и безбедна испорака на квалитетни горива на домашниот пазар и во регионот. Токму годинава, компанијата, која е главен снабдувач со горива во земјава, го одбележува својот 40-годишен јубилеј.

Денес ОКТА го поседува најсовремениот логистички систем и напредна технологија со што обезбедува врвен квалитет на своите производи и услуги. Како дел од групацијата Хеленик Петролеум, компанијата е поврзана насекаде во регионот и важи за најсигурен партнер, предводник во сферата на трговија, снабдување и дистрибуција на нафтени деривати. Преку малопродажната мрежа од 26 современи бензински станици распространети ширум земјата, на крајните корисници ОКТА секогаш им гарантира точна количина и проверен квалитет.

Значаен сегмент од работењето на ОКТА опфаќа и грижата за здравјето и безбедноста на своите вработени, како и заштитата на животната средина. Долгорочната посветеност на компанијата кон грижата за заедницата, е препознатлива по бројните општествено одговорни практики кои имаат за цел да создадат вредности и придобивки за целата заедница.

Чекорејќи 40 години по патот на успехот, ОКТА останува да биде фокусирана кон постигнување одржлив развој, притоа секогаш стремејќи се да обезбеди редовно и непречено снабдување на пазарот, со горива со европски квалитет.

Одбележувајќи го сето она што го има постигнато, ОКТА јубилејната кампања ја започна со објавување на видео спот, во кој на модерен и стилизиран начин се прикажани вредностите кои се препознатлив белег за брендот - современа, ефикасна, транспарентна и одговорна компанија која чекори напред. 

Видео записот може да го погледнете на следниов линк.

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Александар Белов ужива во Скопје со ќеркичката и сопругата, откако пред 6 години се пресели во Србиј... Македонскиот пејач, кој се прослави со шоуто „Операција триумф“, долги години жи...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Aлександра Пилева живее во САД со сопругот и синот (13): „Поминаа 20 години од мојата победа на Макф... „Секојпат кога ја пеам „Нема Утеха“ доаѓаат такви емоции. Немавме ниту еден чове...
Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9 години собирала 150 народни песни, сопругот ѝ е најголем... „Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд р...
Елена од Струмица ја донираше косата за лица кои ја изгубиле својата: „Ја чував 2 години, сакам да и... „Косата ја донирав кај Сашка, која, како што дознав преку статија на CRNOBELO.co...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg